Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Стармер: Илон Маск се обидува да предизвика поделби околу убиството на Хенри Новак
    Свет

    Стармер: Илон Маск се обидува да предизвика поделби околу убиството на Хенри Новак

    04/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Кир Стармер го обвини Илон Маск дека „се обидува да предизвика поделби“ околу убиството на Хенри Новак, објави Би-Би-Си.

    Во Обединетото Кралство имаше насилни протести по објавувањето на снимка на која се гледа како полицијата му става лисици на 18-годишниот Новак додека умира. Неговиот убиец Викрум Дигва тврдеше дека бил жртва на расистички напад.

    Снимките предизвикаа бран политички реакции во Велика Британија, а сопственикот на „X“, Маск, го критикуваше третманот на полицијата кон тинејџерот.

     „Испратете го видеото до сите што ги познавате, кое покажува колку ужасно се однесувала полицијата кон Новак во неговите последни моменти.  Мејнстрим медиумите, истите оние што пишуваа за Џорџ Флојд милиони пати, молчат за Новак“, напиша Маск на „Х“. 

    Кеми Баденок, лидерката на Конзервативната партија повика на соработа меѓу политичките партии за обнова на довербата во полицијата, откако се сретна со семејството на Новак. 

    Денес Стармер го обвини Маск за мешање во британската политика и нагласи дека ожалостеното семејство апелирало за смиреност.

    „Треба да потврдиме кои сме како земја, бидејќи Маск, повторно, се мешаше во нашата политика во последните неколку дена, обидувајќи се да предизвика поделби – тоа не сме ние во Британија. Во Британија, ние сме разумни, толерантни луѓе. Кога имаме ужасен случај како случајот на Хенри, Хенри Новак, реагираме мирно, како што направило неговото семејство“, изјави Стармер. 

    Убиецот на Новак беше осуден на доживотен затвор со минимум 21 година затвор за убиство, по што таткото на Хенри Новак, Марк, апелираше за мир пред судот.

    „Не сакаме неговата смрт да се искористи за создавање понатамошни поделби, омраза или тензии. Сакаме неговата приказна да ги направи нашите улици побезбедни за сите“, изјави таткото.

    Стармер рече дека надзорниот орган на полицијата, Независната канцеларија за полициско однесување (IOPC), го истражува однесувањето на полицајците и дека упатствата на Националниот совет на началници на полиција (NPCC) во врска со расата се разгледуваат како резултат на случајот.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    Граѓаните ќе можат кај својот матичен лекар да потпишат изјава за органодарителство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.