Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Филмски фестивал „Преку езерото“: Жанрот е мајката на филмот
    Македонија

    Филмски фестивал „Преку езерото“: Жанрот е мајката на филмот

    18/07/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран, кое се одржа од 8 до 15 јули, со прогласување на победниците го заврши петтото издание. Најдобар филм во избор на жирито составено од продуцентот Мирослав Митиќ (Србија), сценаристката и режисерка Елеонора Венинова (Македонија) и фестивалската програмерка Емили Ришел (Франција) е „Држи се за мене“ на режисерката Мирсини Аристиду од Кипар. Во нејзината „coming of age“ сторија за комплицираниот однос меѓу долго отсутниот татко и ќерката-тинејџерка, со впечатливите ролји на актерите Марија Петрова и Христос Пасалис, жирито препозна најзаокруженото остварување во овогодишната официјална конкуренција заради емоционалната искреност, наративната зрелост и уметничката кохерентност. Младата актерка Петрова беше наградена со почесно признание заради нејзината извонредна емоционална искреност, природност и автентичност во „Држи се за мене“, што го комплетираше триумфот на филмот на Аристиду.

    Жирито ги препозна најдобрите креативци од сите сегменти на филмската уметност во натпреварувачките програми за долгометражни и краткометражни филмови. Наградата за најдобрата кинематографија му припадна на Душан Кардалевски за домашниот филм „Кома“, во режија на Агим Абдула, заради внимателно компонираните кадри, суптилното визуелно раскажување и исклучителното чувство за атмосфера; за најдобра филмска музика на Ѓорѓе Миљеновиќ (познат и како хип-хоперот Скај Виклер) за српскиот филм „Кармадона“ на Александар Радивоевиќ, кој ја доби наградата за најдобра режија. Музиката на Миљеновиќ е препознаена како суштинска драматична сила што ја обликува атмосферата, психолошката тензија и емоционалниот идентитет на филмот, додека, пак, режијата на Радивојевиќ во „Кармадона“ е оценета како бестрашна и оригинална режисерска визија која го комбинира жанровскиот филм со филозофска рефлексија.

    Наградата за режија добија и Хелен Катет и Бруно Форцани за белгискиот филм „Одразот во мртвиот дијамант“ кој ја трансформира сликата, ритамот, звукот и меморијата во уникатно визуелно искуство, а Јаник Рение од истиот филм за најдобар актер бидејќи неговата изведба демонстрира извонредна прецизност, воздржаност и уметничка сигурност.

    Наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Пламена Гетова од бугарскиот филм „Месо“ на Димитар Стојанович, заради нејзиниот портрет на комплетно човечко суштество чија интелигенција, ранливост и мирна сила остануваат присутни во секој момент.

    Иранскиот филм „Коцкарот“ доби почесно признание за исклучително креативно достигнување вонредни продукциски околности, издржливост и посветеност на филмското совршенство, а краткиот филм „Чекајќи го возот“ (Словенија) во режија на Армин Чулиќ доби специјално признание поради неговата извонредна уметничка сензибилност, суптилното раскажување и склучителната емоционална автентичност.

    Жири комисијата и дел од наградените на Филмскиот фестивал „Преку езерото“ | Фото: Мета.мк

    Домашниот документарец „Антигона“ на Ибер Деари и Мирсад Абази беше прогласен за најдобар во конкуренцијата на кратки филмови заради прецизното раскажување, сигурната режија и емоционалната јасност кои ја спојуваат едноставноста со длабочината. Менторoт на работилницата за развој на дипломски и дебитантски краток филм, Дејан Милошевски, и директорот на фестивалот Јани Бојаџи го соопшија овогодинешниот добитник на грант за развој и продукција на дебитантски краток филм – станува збор за филмот на Горан Трифуновски, чие сценариот ќе добие можност да се снима.

    Во преходниот извештај се осврнавме на 4 филмови од главната конкуренција – „Држи се за мене“, „Коцкарот“, „Кома“ и „Одразот во мртвиот дијамант“, па целосната фестивалска слика ја комплетираме овде со краток поглед на „Месо“ и „Кармадона“.

    Стојанович во „Месо“ вешто ја комбинира семејната драма со филозофски есеј за животот и смртта во духот на нему омилената јапонска филозофија. Всушност, личната нота на авторот, кој неодамна ја загубил мајката, е преточена во сентиментална посвета за смртта лишена од патетика.

    И Радивоевиќ во „Кармадона“ стилизира посвета на мајката како поим, но на каков начин? Замислете десетици филмски наслови кои го облекувале трендот на жанровската кинематографија во последниве 3-4 децении – на пример „Умри машки“ на Џон МекТирнен и „Убиј го Бил“ на Квентин Тарантино во прв ред, но не само тие – дополнете ги со трендовските теории на заговор и ставете ги на „стероиди“. Радивоевиќ во приказната за трудницата (извонредната актерка Јелена Ѓокиќ) и нејзиното неверојатно 12-часовно ноќно патешествие низ „Содома и Гомора“ на денешното општество од првата од последната секунда гради ретко видено визуелно остварување во френетичен ритам кој се гледа во еден здив. Секако, ова важи само за оние што немаат слаб желудник.

    Од друга страна, вреди напорот да се одгледа двочасовниот филм „Кармадона“ таков каков што е – инвазивен, со многу крв буквално од првиот до последниот кадар – бидејќи тој е пребогат лексикон на жанровскиот филм, безмалку негова мини-енциклопедија. Секако, уредена според стилот и вкусот на авторот. Суштината на сторијата на македонскиот филм „Кома“ ја опишавме употребувајќи ја Фројдовската максима за „детето како татко на човекот“. „Кармадона“, пак, може да се опише како „мајка на жанрот“.

    Во секој случај, возбудлив завршеток на петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филкм „Преку езерото“.

    Пишува: Стојан Синадинов

    Поврзани вести

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Арсенал не се шегува: На адресата на Реал испратена е понуда од 60 милиони евра!

    (Видео) Поранешна секс-бомба ја брани сегашната: „Искористи го она што ти го даде мајка ти“

    Kуба, со помош на Кина, гради соларни полиња, откако САД ја блокираше доставата на нафта

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.