Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Премиерот најави колку ќе поевтинат горивата 15 минути пред РКЕ
    Македонија

    Премиерот најави колку ќе поевтинат горивата 15 минути пред РКЕ

    22/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Цената на бензините се намалува за 3,5, односно 4 денари, а на дизелот за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со
    комунален отпад. Со најновата одлука, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95, се намалува за 3,50 денари за литар на 84 денари, а на Еуросупер БС-98, се намалува за 4 денари на 86 денари за литар.
    Најголемо е намалувањето на цената на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, за 7 денари. Дизелот ќе се продава за 80,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 79,5
    денари за литар. Малопродажната цена на мазутот, се намалува за 3,932 денари за килограм и ќе чини 42,291 денари.

    „Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во
    просек за 6,61 отсто. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 8,216% или за 81,000 долари за тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 12,699% или за 132,250 долари, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 12,354% или за 126,000 долари и кај мазутот намалување во просек за околу 11,352% или за 62,300 долари за тон“; информираат од РКЕ.

    Само петнаесетина минути пред РКЕ да испрати соопштение со новите цени, премиерот Христијан Мицкоски во изјава и со соопштение пратено од Владата, го најави намалувањето. Тој истакна дека очекува подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави:

    „Очекувам во периодов, цената на барелот да се движи околу 80 долари за барел. Стојам на ставот дека нашите математики се тие, а треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија. Но, очекувам поевтинување на бензините околу 2,5-3 денари и околу 7 денари намалување на дизелот,“ рече Мицкоски.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    САД од 2001 година секоја година ја продолжува вонредната состојба за Западен Балкан

    Муцунски на форум во Загреб: Време е Европа да е разбуди

    Мисајловски по средбите во Вашингтон: Следуваат историски години за армијата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.