Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    06/10/2026

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Уставниот суд денеска ја промовираше опремата за дигитализација, донација од ТИКА
    Македонија

    Уставниот суд денеска ја промовираше опремата за дигитализација, донација од ТИКА

    29/09/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во Уставниот суд денеска беше промовирана опремата за комплетна дигитализација која е добиена како донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Судот добива можност да работи по најсовремени технолошки решенија кои ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон јавноста.

    Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски изјави дека минатата година Судот го почна брендирањето преку креирање на свое лого, поштенска марка, и продолжува и оваа година со набавка на нови одела за вработените и тоги и инсигнии за судиите, како и акцент на дигиталните комуникации.

    Костадиновски нагласи дека оваа опрема е особено значајна бидејќи го модернизира начинот на работењето, го забрзува работниот процес и овозможува подобар пристап на отвореност кон јавноста.

    „Опремата која денеска беше донирана е всушност донација која ќе ја зголеми ефикасноста, транспарентноста и отворената кон јавноста, односно новиот систем кој е набавен ќе ни овозможи одржување на хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео опрема, онлајн и физички може да присуствуваат сите судии и во расправа и во одлучување на Судот, симултан превод, безбеден клауд, снимање на сите седници и комуникации, автоматска изработка на транскрипти и низа други алатки кои ќе ја зголемат ефикасноста на Судот. Сакам да изразам искрена благодарност и на ТИКА и на претседателот на Уставниот суд на Турција, Кадиз Озкаја и се надевам и понатаму ќе ја одржиме оваа братска и пријателска комуникација“, изјави Костадиновски.

    Потпретседателот на ТИКА, потенцираше дека меѓу останатите донации во други судови и институции во Република Македонија, оваа во Уставниот суд има посебно значење, со оглед на важноста на Судот во владеењето на правото и заштитата на човековите права.

    „Мене ми претставува огромна чест и задоволство што претседателот на Уставниот суд на Република Турција е во официјална посета тука. Овој проект всушност се поклопува со една значајна моја посета која беше реализирана во септември. Многи значајни работи и донации сме имале досега во правосудството во Врховен суд, Апелационен суд, Судскиот совет, во различни градови во цела држава, многу е значајно сите ние да сме поврзани со уставните прописи и закони и поради тоа овие активности се значајни за нашата организација“, изјави Махмут Чевик, потпретседател на ТИКА.

    Пред промоцијата на новата опрема за дигитализација, претседателот Костадиновски оствари билатерална средба со турскиот колега Озкаја, а потоа се одржа работен состанок на кој се дискутираше за можностите за трансформација и унапредување на работењето на Балканскиот форум на уставни судови, кој е формиран по иницијатива на македонскиот и бугарскиот Уставен суд. Се дискутираше и за придобивките од воведување на уставна тужба, искуствата и стојалиштата на уставните судови по одредени правни прашања.

    „Имаме одлични севкупни односи и сме среќни што продолжуваме и понатаму и се надеваме дека со тек на времето ќе продолжат со истиот растечки тренд. Соработката меѓу овие институции несомнено ќе придонесе за зајакнување на владеењето на правото и унапредување на човековите права и тоа во балканскиот регион во овој контекст.

    Поврзани вести

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026
    АКТУЕЛНО

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    06/10/2026

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

    Грчка партија во Србија бојкотира иницијатива за споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад

    Од денеска може да се собираат потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.