Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Муцунски: Трет протокол со Бугарија не е излез од условувањето за Македонија со уставни измени
    Македонија

    Муцунски: Трет протокол со Бугарија не е излез од условувањето за Македонија со уставни измени

    27/03/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во вечерашното гостување на „Топ тема“, Муцунски напомена дека во моментов корисни за нашата држава би биле разговори и на билатерално ниво и заеднички, со сојузниците од земјите-челнки од европските институции за изнаоѓање решение за излез од ситуацијата, во која „заедно – губиме и ние, но губи и Бугарија, зашто Македонија не ги почнува преговорите“.

    Министерот не смета дека во овој момент трет протокол е излез од ситуацијата. Прво, нагласи, треба да има политичка и правна разрешница на позициите што македонската Влада ги има утврдено.

    Напомена и дека Владата никогаш не сметала дека треба да потпаѓа под притисок на рокови.

    „Најбрзо што можеме, треба да ја решиме оваа ситуација, но никој не ни укажал на рокови, а и некој да се обиде да ни направи таков притисок, тоа нема да вроди со успех. Имаме кристално јасни позиции, длабоко поврзани со европски стандарди и меѓународно право, бараме само тоа да се почитува и да ни се даде предвидливост. Останатиот дел ќе го завршиме на најдобар можен начин и ќе бидеме најдобриот кандидат и најсилната приказна преку која ЕУ ќе покаже дека проширувањето е стратешка одлука за иднината на Европа“, потенцира Муцунски.

    Во врска со посетата на Брисел реализирана пред неколку дена, министерот информира дека на средбата со еврокомесраката за проширување станало збор за внатрешните реформи што ги спроведува Македонија, за усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП), но и за односите со Бугарија. Имало, додаде, и неколку идеи на маса од ЕУ во врска со изнаоѓање решение, но повторен бил и цврстиот став на Македонија – Бугарија да ги испочитува пресудите на Европскиот суд за човекови права (регистрација на организациите на Македонците во Бугарија) и земјава да добие гаранции дека уставните измени ќе бидат последниот услов, односно дека нема да се бараат нови отстапки поврзани со нашиот идентитет, јазик и историја.

    Како што рече Муцунски, кај европските институции и кај дел од земјите-членки постои висок степен на разбирање и почит за овие македонски позиции зашто се логични, рациоанални и поврзани со почитуавање на меѓуанародното право и највисоките стандарди во делот на човековите права.

    Македонија добила пофалби за реформите од ЕУ, но со техничката влада во Бугарија, посети Муцунски, не може да се преговара.

    „Првиот дел за кој разговаравме беа внатрешните реформи на земјата, вториот дел беше усогласеноста со ЗНБП, а третиот односите со Бугарија и кои ни се размислувањата за излезот од, за жал, овој ќорсокак во кој сме вметнати од многу чинители, примарно по вина на нашите претходници во Владата. Но, мора да се најде излез. Има повеќе идеи за кои дискутираме, а за да може да се дојде до решение потребен е консензус. За да се дојде до решение зборуваме со европските институции, со дел од земјите-членки, идната недела ќе одам во Париз каде ќе имам неколку средби на кои ќе дискутираме за оваа тема, но клучен чинител ни е Софија. Во моментов немаме партнер со кој можеме да го отвориме дијалогот, зашто има техничка влада во Софија. Но тоа не значи дека не зборуваме за нашите позиции и за потенцијални решенија. Не е дека не сакаме да преговараме со техничка влада, но таа нема легитимитет да донесе крупна одлука. Со претходната техничка влада имаше иницијатива за организирање заеднички состанок меѓу мене, одредени помагатели/понудувачи, олеснувачи на такви услуги во меѓународните односи и тогашниот мој колега од бугарска страна. Засилени беа тие иницијативи кон крајот на годината, но потоа се случи пад на таа влада“, објасни шефот на дипломатијата.

    Тој е дециден дека ако е искрена намерата што јавно се кажува од бугарска страна – Македонија да се движи по европскиот пат и да имаме добри билатерални односи, многу лесно може да се дојде до решение.

    „Од нас се очекува да вметнеме малцинска заедница во Устав, се бара уставна измена, а ние бараме да се почитуваат пресуди на највисокиот суд што е референтна точка и за ЕУ. Најлесно е да прифатиме сè што се бара од нас, но како ќе бидеме сигурни дека повторно нема да бидеме доведени во ваква ситуација? Од ниту една држава не се барало тоа што се бара од нас. Кога ќе ја донесеме одлуката, треба да имаме максимална сигурност од таму каде што треба да дојде. Нашиот народ заслужил предвидливост и ние за тоа се бориме. Нашите претходници ветуваа преговори, ветуваа дека чуда ќе се случат, но која е реалноста? Уште немаме пристапни преговори“, рече Муцунски.

    Потсети и дека во Бугарија течат избори, поради што од македонска страна треба многу да се внимава, да не се избрзува со коментари и реакции.

    „Се наоѓаме во специфичен период, со оглед дека во Бугарија има избори. Секој наш избрзан коментар, преизбрзана јавна реакција на некоја провокација (а доаѓаат провокации од Софија), многу лесно може да нè доведе во ситуација да станеме дел од изборниот наратив“, посочи министерот, квалификувајќи ја последната провокација со адвокатот Менкиноски како „многу сериозна и безобразна“, истакна министерот.

    Во врска со актуелната војна во Заливот, нагласи дека Владата презема конкретни чекори и мерки насочени прво кон цените на нафтените деривати, но и да не се дозволи да има високи инлфациски шокови кои ќе влијаат врз цените на прехранебната индустрија и цените поврзани со услугите. Процесот, рече, е сложен, има содветни ризици, внимателно треба да се следи развојот на состојбата за соодветно да се дејствува од аспект на владините фискални и економски политики.

    „Оваа засилена волатилност дополнително влијае на процесот на снабдување со енергенти, но еден факт што често се занемарува е дека преку теснината поминуваат и различни синџири на снабдување, клучни суровини значајни за земјоделската индустрија“, рече Муцунски, според кој ризиците од инфлација и раст на цените се реални, а најголем дел од мерките во ЕУ засега се носат индивидуално.

     

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Со блокирање на Изборниот законик опозицијата го кочи напредокот на реформската агенда

    Николов: Заслужено сме на Светско, покажавме победнички менталитет

    Роналдо постигна гол, а потоа прослави на спектакуларен начин (ВИДЕО)

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.