Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Под слоганот „Сите нека знаат“, Скопје маршираше за видливост, права и слобода
    Македонија

    Под слоганот „Сите нека знаат“, Скопје маршираше за видливост, права и слобода

    20/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Денеска во Скопје се одржа осмата Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“, каде пред фонтана „Лотос“ илјадници граѓани излегоа на збирното место на протесниот марш.

    Движењето започна во 19 часот по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“, а крајната дестинација беше паркот „Жена Борец“. Со транспаренти и знамиња во боите на винижитото, активистите и граѓаните изразија поддршка на ЛГБТИК+ заедницата.

    Месецот јуни низ светот се одбележува како месец на гордоста, период во кој во многу земји се одржуваат паради на гордоста и други настани посветени на видливоста и борбата за правата на ЛГБТИК+ заедницата, како и на останатите маргинализирани групи.

    Организаторите посочуваат дека годинашниот марш, кој се одржува под слоганот „Сите нека знаат“, е порака против игнорирањето на ЛГБТИК+ заедницата во јавниот живот и институционалниот молк кон нивните барања за поголема еднаквост и заштита на правата.

    „Сите нека знаат“е реакција против вековното, системско бришење и истиснување на ЛГБТИК+ животите од колективната историја, меморија, култура и јавен простор. На обидите нашето постоење да се релативизира, патологизира или претстави како нешто измислено и „увезено“ – гласно им велиме: тука сме, насекаде околу вас“, се вели во соопштението на Инстаграм профилот на Скопје Прајд.

    Од организацијата велат дека фокусот е ставен на испраќање јасни пораки до институциите за решавање на долгогодишните проблеми со кои се соочува ЛГБТИК+ заедницата, меѓу кои се правното признавање на родовиот идентитет, поефикасна заштита од насилство и посилни мерки против дискриминацијата и говорот на омраза.

    Во своето обраќање, актерот, музичар и активист Долорес Лео Поповиќ порача дека маршот е чин на видливост за ЛГБТИК+ заедницата и нагласи дека нивната борба е насочена кон остварување на правата и спротивставување на исклучувањето од јавниот простор.

    „Тоа што денеска сме тука значи дека одбиваме да се предадеме, дека застануваме цврсто во одбрана на нашите права, дека одбиваме да бидеме скриени и надвор од јавниот простор како обид да се поништи нашето постоење“, изјави Поповиќ во својот говор.

    Поповиќ во своето обраќање порача дека припадниците на ЛГБТИК+ заедницата се присутни во секој сегмент од општеството и дека секојдневно се дел од професионалниот и социјалниот живот, нагласувајќи дека пораката на маршот е насочена кон отворање на јавниот простор и соочување со реалноста на нивното постоење, кое често останува занемарено или невидливо.

    „Тука сме, насекаде околу вас , ние сме дел од вашето потесно и пошироко семејство и од вашиот круг на пријатели. Ние сме ваши колеги, клиенти, соработници, соседи и познаници. Тука сме меѓу оние со кои се разминувате на улица, или разменувате по некој збор на каса или шалтер. Ние сме ваши доктори, наставници, угостители, продавачи, возачи и доставувачи. Сите нека знаат е порака општеството да го симне превезот и да се соочи со нашето непоколебливо присуство“, изјави Поповиќ.

    Со протесни извици „Тука сме! Многу сме! Горди сме!“, граѓаните и оваа година стигнаа до својата цел, но овојпат во паркот „Жена борец“, простор којшто симболично ја означува борбата за правда, слобода и слободоумие.

    Фото: Мета.мк
    Фото: Мета.мк
    Фото: Мета.мк
    Фото: Мета.мк

    Поврзани вести

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Амбасадорката на САД во Грција се појави во проѕирен фустан, наиде на осуда

    Странски кардиохирурзи ќе ја ревидираат работата на нашите доктори

    ХЕРА: Во Македонија една третина од лицата со ХИВ не се дијагностицирани

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.