Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сиљановска: Суверенитетот извира од граѓаните, а кај нас изгледа и од меѓународната заедница
    Македонија

    Сиљановска: Суверенитетот извира од граѓаните, а кај нас изгледа и од меѓународната заедница

    12/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во однос на прашањето за нејзината порака од Бугарија, каде што учествуваше на самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ, дека процесот на проширување на ЕУ мора да се темели на Копенхашките критериуми, таа одговори дека не може европскиот конституционализам да опстои ако не ги почитува сопствените вредности.

    „Членот 2 на договорот за ЕУ повикува на почит на дигнитетот, слободата, еднаквоста, демократијата, владеењето на правото, на човековите права, вклучувајќи ги и малцинските. Тоа е нешто што е врзано директно за Копенхашките критериуми од 1993 година“, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и додава дека на овој член се повикува членот 49 од договорот за ЕУ кога вели дека нивното исполнување е услов, и тоа не само политички туку и правен услов за членство.

    Уште поважен, можеби и порелевантен за нашиот случај, како што рече, е членот 4, став 2, „нешто што ние во уставното право го нарекуваме клаузула на национален идентитет бидејќи јасно се вели дека Унијата ќе ја почитува еднаквоста на сите членки, не само на тие внатре туку и на оние што сакаат да влезат внатре“.

    „Зошто? Бидејќи се однесува на националниот идентитет, на културниот идентитет и ова најважното – инхерентен на фундаменталните политички и уставни структури на државата“, додаде претседателката.

    Значи, вели таа, ЕУ ќе ги почитува уставните и политичките структури.

    „А тука е и логиката на другата група држави, кои велат дека ова се однесува само на членките што се внатре во ЕУ. Апсурдно е дека вие не мора да ги исполнувате овие критериуми кога аплицирате, ама откако ќе влезете… е, тогаш мора. Па ако е така, тогаш кога ќе влезат државите, сигурно ќе ги менуваат уставите. Има држави, како Италија и Холандија, кои немаат ниеден збор за Европската Унија. Има држави што внесуваат најчесто една глава во Уставот, што се однесува на односот меѓу уставното право, домашното, националното и акито, односно европското право. Ама ние со децении се хармонизираме. Со што се хармонизираме? Па точно со овие принципи бидејќи тие кореспондираат со Копенхашките критериуми и не случајно се утврдени“,  истакна Сиљановска-Давкова.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Матиќ: Го почитуваме Арисими! Ислами: Да покажеме карактер против Вардар!

    Високи казни и комплицирани одредби во Предлог-законот за заштита од пушење

    Не треба да им верувате: Трите хороскопски знаци кои лажат најмногу

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.