Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»ЕУ ја предупреди Албанија дека луксузното одморалиште во заштитена природа ги крши законите за животна средина
    Регион

    ЕУ ја предупреди Албанија дека луксузното одморалиште во заштитена природа ги крши законите за животна средина

    10/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Европската комисија ја повика Албанија да дејствува без одлагање за да се осигури дека е усогласена со законодавството на ЕУ за животна средина ако сака да пристапи кон блокот, изјави портпарол на Комисијата, коментирајќи го проектот за изградба на луксузно одморалиште како инвестиција на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
    Во понеделник, премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за Ројтерс изјави дека неговата земја ќе продолжи со изградбата на одморалиште планирано од Кушнер и ќерката на Трамп, Иванка, на оддалечен дел од балканскиот брег и покрај протестите поради неговото влијание врз животната средина.
    Протестите се наречени Револуција на Фламинго бидејќи делот од брегот е миграциска станица за птиците.
    ЕУ, која има 27 члена, изјави дека би можела да прими нови членки, вклучувајќи ги Црна Гора, Албанија и Украина до 2030 година, но тоа зависи од усогласувањето со законите на ЕУ, вклучително и за животната средина.
    „Албанија треба да се воздржи од дејствија што би можеле да го поткопаат исполнувањето на крајниот критериум и очекуваме албанските власти да дејствуваат без одложување“, изјави портпаролот Гијом Мерсие.
    „Во контакт сме со албанските власти по ова прашање“, додаде тој.
    Соочен со протестите во текот на изминатата недела во Тирана и на јужниот брег, каде што е предложен одморалиштето, Рама ги смируваше еколошките активисти и рече дека ќе биде завршена проценка на влијанието врз животната средина.
    „Многу сме горди на она што го направивме за дивиот свет во Албанија. Европската комисија нема причина да се сомнева во нашата цврста волја да го заштитиме сè што треба да се заштити кога станува збор за дивиот свет и природата“, рече тој.
    Компанијата на Кушнер, „Афинити партнерс“, која треба да го изгради одморалиштето, не одговори на барањата на Ројтерс за коментар.

    Поврзани вести

    Уапсен е Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот „Информер“

    25/11/2026

    Ученик пукал во средно училиште во Крагуевац, повредени две лица

    24/11/2026

    Во Босна и Херцеговина децата со Даунов синдром учат безбедно да го користат интернетот преку видеоигра

    23/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    Италијанската инфлуенсерка Киара Ферањи ослободена од обвиненија за тешка измама

    Министерството за правда на САД објави нови документи од истражните досиеја на Епштајн

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.