Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Сиљановска-Давкова е претпазлива сѐ додека предлогот на Мерц и Макрон не стане официјален документ
    Политика

    Сиљановска-Давкова е претпазлива сѐ додека предлогот на Мерц и Макрон не стане официјален документ

    08/06/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Мојата оценка е дека кога ќе видиме ‘пејпер’, тогаш ќе можам да кажам за што се работи, оти нон-пејпер значи нешто без наслов, без име, без потписи, со идеи. Иако секогаш ваквиот тип документи, или многу често, им претходеле на вистинските документи. Ако се оценува чекорот, тогаш го поздравувам“, изјави Сиљановска-Давкова во интервју за „360 степени“.

    Според неа, регионот со години се соочува со застој во евроинтеграциите, што придонело за нејасен однос на Европската Унија, и ја нагласи потребата од поголема предвидливост во процесот.

    „Но, секогаш ваквиот тип документи, или многу често, им претходеле на вистинските документи. Ако се оценува чекорот, тогаш го поздравувам. Зошто? Бидејќи ако досега ние во поглед на Западниот Балкан велевме ‘на Западот ништо ново’, бидејќи дури и двата клучни претенденти за членство го сменија мислењето, едниот, вториот, мислам на Албанија и на господинот Рама, тогаш навистина било однесувањето нејасно во поглед на интегрирањето на Западниот Балкан. И тоа не е нешто ново. Тоа го констатираат и врвни познавачи на евроинтеграциите на Западот – 13 години никој од овој регион не влегол во Европската Унија. Мислам дека тоа ќе биде Црна Гора и мислам дека тоа ќе биде уште еден доказ дека портите се отворени. Паметите кога премиерот во една прилика кога се врати и од самитот на Европската политичка заедница, спомена дека има предлози, варијанти итн. Да, се разбира, кога сте во политиката мора да бидете кредибилни. Сè додека не видите еден документ кој нема да биде нон-пејпер, туку ќе биде обврзувачки, треба да ги мерите зборовите. Во таа смисла јас кажувам дека да, веќе подолго време многу познати тинк-тенкови работеа на проблемите со коишто се соочува Европската Унија и моделите за нивно решавање, и секогаш излегуваше една мисла дека поголема Европска Унија, поширока Европска Унија е покомпетитивен играч на комплицираната глобална мултиполарна сцена. Исто така, решени проблеми на т.н. Западен Балкан значат и мир во Европа. Значи, како да оживеа духот на Солун од 2003 година кога и поддршката и заложбите беа јасни, ама потоа мислам дека се појави една конфузија во односот“, рече таа.

    Во однос на евентуалните придобивки за земјава, Сиљановска-Давкова посочи дека дел од предложените мерки се веќе познати и дека нивната примена може да придонесе за постепена европеизација и приближување кон членството, но предупреди дека тие не смеат да станат замена за полноправно членство.

    „Се разбира дека сите овие мерки, доколку во тој главниот пејпер – а се надевам дека ќе биде така – не препознаеме замена или супститут за членство, што мислам дека не само Украина, туку и другите држави не би го прифатиле, мислам дека ќе нè држи во кондиција и ќе ни го овозможува она што ќе нè прави послични на европските членки. Значи, на некој начин ќе биде европеизација во чекорење и заедно. Првиот чекор на оваа филозофија всушност беше Планот за раст и тоа не е случајно. Ова е веќе втор чекор на она што е реформирање“, посочи претседателката.

    Прашана во врска со тоа дека една од забелешките е дека нема макар и провизорен датум до кога трае постепеното интегрирање, таа ја нагласи потребата од јасни временски рамки за процесот на постепена интеграција, по примерот на Црна Гора, но оцени дека тие треба да се утврдуваат индивидуално за секоја земја.

    „Дури и јас кога го давам успешниот пример за Црна Гора, велам дека многу важно беше што можеби и неформално ама беше креиран патоказ за Црна Гора – целосен – кога, што, како. Од временска рамка да потсетам наназад, сите Црногорци каде и да бевме, велеа ‘до 2028 година нашата европска приказна ќе се оформи’. Во право сте, тоа треба, меѓутоа, да биде индивидуално или за секоја земја. Затоа се и тие блокови, значи за секоја земја според тежината и брзината на чекорите и соодветна временска рамка“, рече претседателката.

    Во контекст на македонските евроинтеграции, Сиљановска-Давкова укажа дека останува предизвикот со фактичкото отворање на кластерите, но додаде дека постојат можни механизми за надминување на блокадите што не се поврзани со Копенхашките критериуми.

    „На пример, иако за првпат во креирање на акциски план на ваков начин, претпоставувам знае јавноста, вклучен е и експерт од Советот на Европа, односно од Европската комисија. Не случајно. Зошто? Заради тоа што и од сите малцинства се бараше да се изјаснат – една многу детална процедура. Сакам да кажам дека можеби еве и ова е еден од оние начини што јас ги нарекувам европска креативност по потреба. Значи, не велам во моментов, не можам да тврдам дека не е така, бидејќи она што го велите вие е така. И господинот Кошта го повтори тоа, иако морам да кажам, во Софија по средбата овде имаше една правничка изјава кога рече дека мора да има некакви гаранции. Но, јас во моментов не можам да одговорам прецизно на вашето прашање, бидејќи очекувам да се сретнам утре со премиерот и со министерот за надворешни работи, за луѓе кои биле ’ин медиас рес’ да ми кажат како тоа се замислува. Меѓутоа, познати ви се и јас останувам на моите тврдења дека има механизми коишто ќе ни овозможеле на некој начин да не бидеме во стартот блокирани и да не останеме единствен преседан. А тоа го поткрепувам со моето тврдење на сите средби со лидерите од регионот дека може да ги затворите сите кластери и поглавја, меѓутоа да бидете блокирани и тоа не заради причини врзани за Копенхашките критериуми, туку од балкански пориви“, образложи Сиљановска-Давкова.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Посна „песок“ торта готова за помалку од 30 минути: Ќе бидете воодушевени

    Ванче Шиков не е веќе дел од стручниот штаб на А-репрезентацијата

    Фетаи во име на АА ќе преговара за новата партија Вреди, независен пратеник се врати во Алијансата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.