Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ЕФА: Бугарија да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство
    Македонија

    ЕФА: Бугарија да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство

    08/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Европската слободна алијанса смета дека состојбата со човековите права на Македонците во Бугарија е сериозна и дека ЕУ од оваа држава мора да бара да биде одговорна за своите законски обврски како земја-членка на унијата, особено во врска со обврските за човекови  и малцински права, кои Бугарија не ги исполнува.

    Во Декларацијата се критикува и примената на двојните стандарди на ЕУ кон земјите-членки и земјите-кандидатки во врска со заштитата и третманот на националните малцинства и промоцијата на нивните права.

    ЕФА го покрена и прашањето за невклучување на македонски претставник во Националниот совет за соработка за етнички и интеграциски прашања во Бугарија, за заедницата конечно да може да биде вклучена и застапена.

    И на крај, во Декларацијата се бара Бугарија формално да се извини за историските злосторства што ги изврши против своето македонско малцинство за време на комунистичките години. „Ова мора да ги признае илјадниците Македонци кои беа тепани, присилно раселени, понижени, казнувани, затворани и убиени за изразување на својот етнички идентитет и за спротивставување на бугарските политики за денационализација“, се вели во Декларацијата на ЕФА.

    Инаку на годинешното собрание, ЕФА  со Резолуција ги осуди и бугарските политички притисоци и ја повикa ЕК да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија.

    ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Тие се силно фокусирани на своите желби: хороскопски знаци кои мислат само на себе

    Алкалоид домаќин на Тиквеш, ГРК Охрид по „печат“ во Градишка

    (Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.