Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»EФА ги осуди бугарските притисоци врз Македонците во Албанија
    Македонија

    EФА ги осуди бугарските притисоци врз Македонците во Албанија

    06/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email
    Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), европското политичко семејство кое ги претставува народите, регионите и малцинствата во Европскиот парламент, денеска, во Гандија, Шпанија, едногласно, ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“.
    Претседателот на единствениот политички субјект на етничките Македонци во Албанија, Васил Стерјовски, вели дека е тоа голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во Албанија.
    „Пред делегатите на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), ги претставив предизвиците со кои се соочува македонската заедница во Албанија, како и нашата борба за еднаквост, достоинство и почитување на основните човекови права“, вели Стерјовски.
    „Со усвоената Резолуција, ЕФА, јасно, бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци“, рече Стерјовски.
    Воедно, со оваа Резолуцијата, се осудува политиката на негирање и асимилација на Македонците во Албанија преку надворешни политички притисоци од страна на Бугарија и ја повикува Европската комисија да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија.
    Спорд Стерјовски, оваа поддршка од европското семејство на малцинствата и народите, претставува силна порака дека Европа се гради врз почитување на различностите, правото на самоидентификација и заштитата на човековите права.
    Стерјоски упати благодарност до сите партии-членки на ЕФА за нивната едногласна поддршка и солидарност со македонската заедница во Албанија.
    „Нашата борба продолжува, смело, достоинствено и гордо. Ќе продолжиме да се залагаме за правата на Македонците во Албанија, уверени дека вистината, правдата и европските вредности ќе победат. Гласот на Македонците од Албанија се слуша во Европа“, вели Стерјоски.
    Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник.
    „Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени“, рече Стерјовски во обраќањето на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА).

    Тој посочи дека процесот на проширување на Европската Унија треба да биде алатка за промоција на демократијата и заштита на правата и оти никогаш не смее да стане механизам преку кој се оспоруваат малцинските идентитети или преку кој човековите права се условуваат со политички интереси.

    „Нашата резолуција ја повикува Албанија целосно да ги спроведе малцинските права, да го зајакне политичкото претставување, да инвестира во малцинските региони и да гарантира слободни и фер процеси на самоидентификација. Исто така, ги повикува европските институции будно да ги следат овие прашања и да осигураат дека вредностите на ЕУ се применуваат доследно и еднакво. Европа е најсилна кога ја штити својата разновидност. Денеска ја барам вашата поддршка не само за македонското малцинство во Албанија, туку и за принципот дека секоја заедница во Европа има право да постои, да биде признаена и да напредува без страв, притисок или дискриминација. За принципот дека Европската Унија мора да остане заедница на вредности, каде што човековите права се штитат еднакво и без двојни стандарди“, нагласи Стерјовски.

    Македонска алијанса за европска интеграција во 2024 година стана полноправна членка на Европската слободна алијанса. ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    НБА итно воведува 7 нови правила, ситуацијата е полоша од кога било

    Јануари е резервиран за ракомет: Македонската репрезентација прва на терен!

    Со една мала навика до побрзо слабеење: изгубете половина килограм секоја недела

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.