Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Акцискиот план за правата на малцинствата е пречка само за Бугарија, но не и за 26 други земји членки на ЕУ
    Македонија

    Акцискиот план за правата на малцинствата е пречка само за Бугарија, но не и за 26 други земји членки на ЕУ

    06/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека документот кој е донесен од Владата е усогласен со експерт за човекови права делегиран од страна на Европската комисија, а зелено светло за него дале и 26 од 27 земји-членки на Унијата.

    „Ова го кажувам неофицијално, документот е усогласен со 26 земји-членки освен со една, исто како што таа една е против да бидеме дел од иницијативата ‘Трите мориња’“, изјави Мицкоски.

    За тоа што Бугарија бара во врска со овој Акциски план, Мицкоски одговори: „Кога би знаел да ви кажам, ќе ви дадев одговор“.

    Дали имало обид за средба на премиерите на Македонија и на Бугарија на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? На ова прашање Мицкоски одговори дека тие само се поздравиле од култура која се учи во првите седум години од животот.

    Румен Радев, бугарскиот премиер вчера изјави дека без спроведени уставни измени Македонија не треба да се надева на старт на преговорите.

    Во јануари премиерот Мицкоски изјави дека главната забелешка на Бугарија за Акцискиот план за малцинствата е што бил на македонски јазик. Освен Бугарија, како што рече тогаш, ниту една друга држава членка на Европската Унија немала забелешки за овој документ. На тогашните изјави на Мицкоски официјална Софија изрази загриженост за последните измислени тези од властите во Скопје што „остро се разликуваат од суштината на европскиот консензус од 2022 година“.

    Од Министерството за надворешни работи на Бугарија тогаш порачаа дека прашањето на кој јазик ќе биде планот за правата на заедниците што се очекува од Скопје, е внатрешно прашање на Македонија и оти тоа не е тема на билатералните односи.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Андоновска: Додека СДСМ си ја “ишка мувата”, остануваме посветени на здравствените предизвици

    Сиљановска Давкова – Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи меѓу Македонија и Ерменија

    Падна Владата во Бугарија по масовните протести на само неколку недели пред влезот во еврозоната

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.