Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
    Македонија

    Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом

    30/05/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Идентитетот, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без љубов, труд и свесна посветеност. За да се сочува едно име низ осум децении, потребни се генерации луѓе кои одбиваат да заборават, потребни се мајки и татковци кои дома го зборуваат мајчиниот јазик, потребни се учители, културни работници, духовници, луѓе кои организираат фолклорни фестивали, литературни вечери, изложби, академии и училишта, но пред сѐ луѓе кои разбираат дека народ без култура е народ без меморија, а народ без меморија лесно може да ја изгуби и својата насока, рече Мицкоски.

    Вашата приказна, оцени Мицкоски, е доказ дека човек може да живее далеку од родниот крај, а срцето и понатаму да му чука во ритамот на мајчиниот јазик, дека може да создаде нов дом без да го заборави стариот и дека може да биде лојален граѓанин на државата во која живее, а истовремено достоинствен чувар на сопствениот национален и културен идентитет.

    „Таа рамнотежа, таа способност да се биде свој, а притоа отворен кон другиот, претставува голема вредност и голема лекција не само за Балканот, туку и за Европа и светот“, истакна Мицкоски.

    Тој оцени дека Македонија и Србија не ги поврзуваат само политички и државни односи, туку луѓето, генерациите кои растеле во исти културни и духовни простори, песните што ги знаеме, книгите што сме ги читале и вредностите со кои сме воспитувани. Нѐ поврзува, потенцираше, чувството за семејство, чест, човечност и достоинство, но и една длабока историска вистина – дека Балканот не напредува кога народите се оттурнуваат едни од други, туку кога градат доверба, заемна почит и искрено партнерство.

    Премиерот Мицкоски укажа дека во време кога светот се соочува со нови поделби, неизвесности и геополитички тензии, нашите народи имаат обврска да градат мостови, а не ѕидови, да ја чуваат блискоста создадена низ генерации луѓе и да ја пренесуваат како вредност на идните генерации.

    „Денес од Нови Сад испраќаме порака на заедништво, порака на почит и пријателство, порака дека иднината мора да се гради врз она што нѐ поврзува, а не врз она што нѐ разделува“, рече Мицкоски.

    Обраќајќи им се на младите Македонци во Нови Сад, Панчево, Јабука, Качарево, Зрењанин, Белград, Врање, Ниш, Лесковац, секаде каде што живее нашата заедница, потенцираше дека тие се генерацијата на новото време,  на технологијата, мобилноста и глобалните можности, но оти токму во такво време уште поважна станува свеста за сопствените корени.

    „Не дозволувајте модерноста да ви ја одземе меморијата и брзината на времето да ви го избрише чувството на припадност.Бидете современи, успешни, образовани и освојувајте универзитети, компании, институции и културни сцени, но никогаш не заборавајте кој јазик ве научил на првиот збор, која песна ви ја пееле вашите родители и кои приказни ви ги раскажувале вашите баби и дедовци“, рече Мицкоски.

    Според него, Нови Сад и Војводина отсекогаш биле простор каде различностите не биле слабост, туку богатство, простор каде народите не морале да се откажат од својот идентитет за да живеат заедно, туку напротив – преку заемна почит и разбирање создавале мозаик од култури, јазици и традиции кој денес претставува едно од најголемите богатства на овој дел од Европа. Во таа приказна, подвлече дека Македонците имаат свое чесно, заслужено и достоинствено место.

    Во македонската делегација во Нови Сад предводена од Мицкоски се вицепремиерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, и за култура Зоран Љутков,…

    На свечената академија се обратија и претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ.

    The post Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Ќе се градат шест автопатски делници, Блаце-Скопје стартува овој месец

    Пет ирански спортистки добија азил во Австралија, откако добија закани по живот бидејќи не ја пееле химната

    НАкС: Новите закони оставаат простор за политички притисоци врз универзитетите

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.