Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Билјана Драгиќевиќ Пројковска најдобра актерка, „Кокошка“ најдобра претстава на фестивал во Приштина
    Култура

    Билјана Драгиќевиќ Пројковска најдобра актерка, „Кокошка“ најдобра претстава на фестивал во Приштина

    26/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претставата „Кокошка“, во копродукција на независната театарска група Вортекс и Театар Комедија, ги освои двете најзначајни награди на јубилејното десетто издание на Интернационален театарски фестивал во Приштина, кое се одржа од 18 до 23 мај.

    Наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот ѝ беше доделена на Билјана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Ала во претставата „Кокошка“, додека претставата ја доби и главната награда за најдобра претстава на фестивалот.

    Во образложението на стручното интернационално жири за актерската награда се наведува дека изведбата на Билјана Драгиќевиќ Пројковска се одликува со исклучителна актерска зрелост, храброст и прецизност во изразот. Нејзината интерпретација, според жирито е „апсолутно ослободена од вишок, кристално јасна и целосно уверлива“.

    Оваа награда за Билјана Драгиќевиќ Пројковска е најновата во низата актерски награди и признанија, национални и меѓународни, кои, оваа брилијантна македонска актерка ги добива во последните неколку години за речиси секој проект во кој учествува.

    Во однос на наградата за најдобра претстава, жирито ја издвои „Кокошка“ поради нејзината автентична сценска енергија и доследниот уметнички, експериментален пристап, преку кој претставата создава современ и препознатлив театарски јазик.

    Со тоа, „Кокошка“ се вброи меѓу најзабележителните остварувања во официјалната програма на годинашното издание.

    Во годинешната официјална селекција на Интернационален театарски фестивал во Приштина учествуваа продукции од Косово, Црна Гора, Италија, Босна и Херцеговина и Македонија.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Викторија Бекам за прељубничкиот скандал: „Заедно ја преживеавме бурата“

    Земјотрес со јачина од 5,6 степени по рихтер ја погоди Малатија, источна Турција

    „Стоп за Усје“: Новата дозвола содржи лимити само за три загадувачи, кои се многу повисоки од дозволените во ЕУ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.