Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    01/10/2026

    То Вима: Грција бара измени во македонските учебници поради наводни прекршувања на Договорот од Преспа

    01/10/2026

    Кејт Мидлтон откри која домашна обврска сака да ја извршува: „Навистина уживам во тоа“

    01/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар
    Македонија

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    23/05/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Интервентни тимови, составени од ветеринари, ренџери од националните паркови, полицајци и други стручни лица, ќе се грижат за дивите животни, нивната безбедност, третманот ако се повредени, но и за безбедноста на луѓето од планинските места кои често доаѓаат во контакт со дивиот свет.

    Формирањето на овие тимови, го предвидува новиот закон за природа, кој министерот за животна средина Муамет Хоџа најави дека е поставен на единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) и е отворен за јавни коментари.

    Во првиот период ќе има два интервентни тима кои ќе ги опфатат подрачјата на националните паркови „Шар Планина“ и „Маврово“, како и југозападниот дел во националниот парк „Галичица“, Охрид и Преспа, каде што контактите помеѓу дивите животни и луѓето се најчести, но и каде што се случуваат најголемиот број несреќи во кои страдаат животни.

    Влатко Трпесвки, раководител на секторот за природа во Министерството, вели дека примерите на блиски средби на мечките со жители на мавровските села ја истакнаа потребата од тим кој ќе биде опремен и ќе има протокол за постапување во овие ситуации. Сепак, тој не прецизираше дали тие ќе имаат и овластување да застрелуваат мечки, кои според македонските закони, се заштитени животни.

    „Постапувањето ќе се врши во согласност со утврдени протоколи, кои ќе обезбедат хуман третман на животните. Експертите, кои ќе бидат дел од овие интервентни тимови, ќе донесуваат одлуки на самото место за тоа како да се постапи со повреденото животно што ќе биде пронајдено“, вели Трпевски.

    Тој посочи дека ќе се следат искуствата на вакви тимови од Хрватска и Словенија, каде тие работат на заштита на крупните ѕверови и брзо отстранување на секој вид опасност што може да се појави од интеракцијата меѓу животни и луѓе.

    Министерството, за третманот на повредени диви животни ќе гради и прифатен центар, за кое е определена локација во скопско Инџиково, а во моментов се бараат финансии. Прифатилиштето, за кое се зборува долги години, и кое би се користело за третман на повредени крупни ѕверови и птици, е проценето дека би чинело меѓу 200.000 и 300.000 евра.

    Дотогаш, според Трпевски, ќе се користат капацитетите на скопската и битолската зоолошка градина, кои и досега излегуваа во пресрет за згрижување на болни или повредени диви животни.

    Со новиот закон, земјава ќе се усогласи со европската Директива за живеалишта, а ќе се воведат и акциски планови за видови живеалишта, со кои ќе се воспостават мерки за заштита на критичните видови и живеалиштата во земјава.

    Ќе се воведе и Национална комисија за крупни ѕверови која ќе дава насоки како ќе се управува со крупните ѕверови пред се во заштитените подрачја.

    Македонија, преку Македонското еколошко друштво, ќе биде дел од прекуграничен проект за зачувување на кафеавата мечка што ќе се спроведува во девет земји на Балканот. Со околу 4000 единки, тука се наоѓа најголемата популација на мечки во Европа, поради што нејзиното зачувување е истовремено и голем предизвик и голема неопходност.

    Поврзани вести

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026

    Заради поплавата во зградата на „Нова Македонија“, вработените ќе работат од дома

    30/09/2026

    Петмина приведени за тероризам и трговија со оружје

    29/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    01/10/2026

    То Вима: Грција бара измени во македонските учебници поради наводни прекршувања на Договорот од Преспа

    01/10/2026

    Кејт Мидлтон откри која домашна обврска сака да ја извршува: „Навистина уживам во тоа“

    01/10/2026

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Пожар во затворот Идризово, се запалил кровот на амбулантата

    Нови пожари во Хрватска, загина жена од Босна и Херцеговина, а десетици се повредени

    Граѓански организации вклучени во градење Регионален систем за управување со отпад

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.