Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мрежа за заштита од дискриминација: Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените
    Македонија

    Мрежа за заштита од дискриминација: Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените

    14/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Мрежата за заштита од дискриминација денеска го осуди новиот фемицид што се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож и предупреди дека ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените. Според граѓанските организации, загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство во 2026 година покажува дека институционалната заштита е недоволна, а системот потфрла да ги препознае и спречи ризиците навреме. И покрај постојаните измени на закони, стратегии и политики, во практика нема суштинско подобрување во заштитата на жртвите.

    „Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Ова не е изолиран случај. Наместо ефикасна превенција, брза реакција и координирана институционална заштита, повторно сведочиме на загубени животи. Само во првите месеци од 2026 година веќе се изгубени повеќе животи како последица на семејно и родово базирано насилство. Ова е алармантен континуитет на насилство врз жените, проследен со слаба проценка на ризик, бавни институционални реакции и култура на неказнивост“, посочуваат од Мрежата.

    Дополнително, нагласуваат, загрижува и сè поголемиот број случаи на врсничко насилство во училиштата, од кои дел завршија со напади со ладно оружје и ученици во критична здравствена состојба, а насилството прераснува во сериозна општествена епидемија.

    „Бараме итна, темелна и транспарентна истрага за случајот во Битола, вклучително и проверка дали претходно имало пријави за насилство или сознанија кај институциите. Доколку се утврдат пропусти, бараме индивидуална одговорност и санкции за секое службено лице што не постапило согласно законските обврски. Бараме и итни финансиски инвестиции во специјализирани сервиси за жртви на насилство низ целата држава, како и зголемување на професионалните ресурси во сите институции, особено во МВР и центрите за социјална работа, кои ќе бидат фокусирани на заштита од насилство. Неопходни се и сериозни инвестиции во образованието и превентивни програми за спречување на насилството кај младите, нагласуваат граѓанските организации и додаваат дека животот на жените и децата не смее да завршува како статистика поради институционално непостапување и системски пропусти.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ѓоковиќ сруши уште еден рекорд на Федерер, па го „боцка“ Монфис: Морав…

    Концерт по повод 50-годишниот творечки јубилеј на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.