Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Уапсен српски државјанин што престојувал во Скопје и планирал убиство по налог на криминална група
    Регион

    Уапсен српски државјанин што престојувал во Скопје и планирал убиство по налог на криминална група

    12/05/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во заедничка и координирана акција на македонското и српското Министерство за внатрешни работи, Криминалистичката полиција, Службата за сузбивање на криминалот, како и Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во Скопје е уапсено лице со иницијали С. М. (42), за кое постојат сомнежи дека планирало извршување на тешки кривични дела.

    Според информациите од српското МВР, уапсениот е член на организирана криминална група и илегално влегол во Македонија, а сомнежите се дека бил со цел да изврши тешки кривични дела во име на членови на криминалната група на која припаѓа, најверојатно кривично дело убиство.

    При претрес на локацијата каде што престојувал С. М., полицијата пронашла пиштол марка „CZ“ и соодветна муниција, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина марихуана и туѓа лична карта издадена од Република Србија.

    Од македонското МВР потврдија дека акцијата се спровела вчера под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Покрај С. М., приведени се уште две лица.

    „Извршени се претреси на неколку локации во Скопје, при што се пронајдени дрога, пари и мобилни телефони. Лишени се од слобода три лица, од кои двајца српски државјани и еден македонски државјанин“, велат од македонското МВР.

    Поврзани вести

    Во Москва слета авионот со кој летаа Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ кој претходно беше вратен во Белград

    04/11/2026

    Форбс Србија: Што се случувало на седницата на НБС кога беше затворена Алта банка

    04/11/2026

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Негувани, софистицирани и луксузни: Трендови за педикир кои ќе го освојат летото 2026 година

    КУП 2026-ЖЕНИ: Четвртти трофеј за Баскет кам или прв за Крива Паланка?

    Владата го утврди новиот усогласен текст на предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.