Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Црна Гора затвори уште едно поглавје од преговорите со ЕУ, Марта Кос порача дека земјата е најнапредна во процесот
    Свет

    Црна Гора затвори уште едно поглавје од преговорите со ЕУ, Марта Кос порача дека земјата е најнапредна во процесот

    18/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На вчерашната Меѓувладината конференција со ЕУ во Брисел, Црна Гора привремено го затвори преговарачкото Поглавје 21 кое се однесува на трансевропските мрежи. Со ова, бројот на затворени поглавја изнесува 14 од 33.

    Европската комесарка за проширување Марта Кос порача дека Црна Гора е најнапредна во процесот на пристапување кон ЕУ и дека нејзината напорната работа и посветеност ќе се исплатат. Таа посочи дека е уверена дека со силна политичка волја и посветеност, Црна Гора ќе продолжи со одлично темпо.

    „Да нема забуна, драги мои пријатели во Црна Гора, го затвораме Поглавјето 21 од Трансевропските мрежи. Честитки до сите во Црна Гора. Европската комисија целосно ве поддржува во одржувањето на овој моментум“, изјави Кос на прес-конференцијата.

    Кос додаде дека земјата мора да го зајакне владеењето на правото, да работи на зајакнување на независното и професионално судство и да ја усогласи својата визна политика со ЕУ.

    Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ истакна дека е затворено четиринаесетето од вкупно 33 поглавја во преговорите меѓу Црна Гора и Европската Унија со што земјата е сè поблиску до целосно поврзување со Унијата. Додаде дека затворањето на Поглавјето 21 создава услови за подобрување на развојот на транспортните, енергетските и телекомуникациските системи во согласност со европските стандарди.

    „Инфраструктурата значи поврзување на луѓето, економијата, можностите и идеите. Во оваа смисла, денешниот чекор претставува многу повеќе од самото поврзување, тоа е знак дека Црна Гора и нејзините граѓани сè повеќе се интегрираат во ткивото на Европската Унија“, изјави Спајиќ.

    По затворањето на ова поглавје, на Црна Гора ѝ остануваат уште 19 од вкупно 33 поглавја за да го заврши пристапниот процес. Кос нагласи дека очекува континуирана посветеност од сите политички актери, додавајќи дека со силна политичка волја земјата може да продолжи со истото темпо. Таа посочи и дека е неопходно зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и усогласување на визната политика со ЕУ.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Градоначалникот на Лерин забранува да се пеат песни на македонски јазик

    Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни установи за сместување на стари лица

    Од утре промена на времето, УХМР најавува обилни дождови и високи температури

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.