Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Руте: НАТО ќе се спротивстави на обидите за дестабилизација на Западен Балкан
    Регион

    Руте: НАТО ќе се спротивстави на обидите за дестабилизација на Западен Балкан

    12/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Подгорица порача дека Западен Балкан е од големо стратешко значење за алијансата.

    Тој укажа на постоењето актери, кои се обидуваат да го повлечат регионот назад и да го дестабилизираат нагласувајќи дека НАТО ќе се спротивстави на таквите намери.

    „Знаеме дека постојат актери што се обидуваат да го повлечат Западен Балкан назад, да го нарушат напредокот и да го дестабилизираат регионот. НАТО е посветен на тоа проблемите од минатото да останат во минатото. Ќе ја посочиме секоја злонамерна активност на територијата на НАТО и ќе ѝ се спротивставиме“, изјави Руте на прес-конференција по средбата со црногорскиот премиер Милојко Спаиќ и членовите на владата на Црна Гора.

    Според него, живееме во опасен свет и на НАТО му се потребни силни општества кои градат силни војски.

    „Русија продолжува да ја води својата агресорска војна против Украина. Кина станува сè поасертивна во својот настап, а нашето јужно соседство е нестабилно“, оцени генералниот секретар и порача дека сојузниците мора повеќе да вложуваат во опрема, да го зголемат одбранбеното производство и да ја зајакнат поддршката за Украина.

    Руте го поздрави учеството на Црна Гора во светските мисии, особено на Косово, поддршката за Украина и ги пофали издвојувањата за одбрана, кои моментно надминуваат два отсто од БДП.

    Црногорскиот премиер Милојко Спаиќ наведе дека капацитетите на Војската на Црна Гора се „значајно зајакнати во последните години“ додавајќи дека довербата на граѓаните во војската е на историски максимум од 78 проценти. Тој најави дека во јуни Црна Гора ќе потпише договор со САД за критична инфраструктура за воена и цивилна употреба, како и соработка со Канада и Германија.

    На состанокот присуствуваа и потпретседателот на владата, Алекса Бечиќ, министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ и министерот за одбрана Драган Краповиќ. Руте оствари одвоена средба и со претседателот Јаков Милатовиќ по што ќе им се обрати на студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица.

    Поврзани вести

    Во Москва слета авионот со кој летаа Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ кој претходно беше вратен во Белград

    04/11/2026

    Форбс Србија: Што се случувало на седницата на НБС кога беше затворена Алта банка

    04/11/2026

    Сопственикот на Алта банка, Давор Мацура доби притвор, негира дека проневерил 380 милиони евра

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Субвенциите за домаќинства за приклучок или котел на гас продолжуваат до крајот на октомври

    АХВ казни 22 маркети и хипермаркети, продавале небезбедна храна

    „17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.