Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Изложба „Ехо во мразот“ од Исмет Рамиќевиќ во македонскиот КИЦ во Софија
    Култура

    Изложба „Ехо во мразот“ од Исмет Рамиќевиќ во македонскиот КИЦ во Софија

    28/04/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонскиот културен центар во Софија ја најавува изложбата „Ехо во мразот“ од еминентниот македонски ликовен уметник Исмет Рамиќевиќ.

    Отворањето на изложбата ќе биде на 29 април (среда) 2026 година во 18:30 часот.

    „Концептот на изложбата ја артикулира и рефлектира современата глобална воено-политичка реалност. Во ова актуелно време кога се одвиваат сè поголеми отворени и прикриени конфликти, оружјето повторно се легитимира како единствен инструмент за решавање на политичките несогласувања. Преку симболичката гестуалност, во проектот се „запира, замрзнува куршумот“ со што го артикулира својот јасен антимилитаристички став.

    Авторот истовремено ги осветлува разновидните сложени парадокси на нашето време: брутални војни, човечки страдања и климатски екстреми кои се испреплетуваат со експанзијата на масовните и тенденциозни дезинформации.

    Во своето творештво, Исмет Рамиќевиќ ја развива мултимедијалната, т.е.трансмедиумска ликовна практика која ги комбинира скулпторските сегменти со неговата визуелна поезија и музика, со спортот и интерактивните перформанси, создавајќи комплексен и динамичен уметнички израз“, пишува во најавата за изложбата.

    На отворањето на изложбата, авторот ќе изведе музички перформанс. Тој ќе свири на праисторискиот дувачки инструмент — окарина-стрела, дополнувајќи ја изложбата со уникатен звучен слој.

    Во изведбата на перформансот е поканета и публиката да се вклучи и да ја воспостави интеракцијата со овој културно-уметнички настан.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Концерт на групата „Баклава“ во КИЦ Белград

    Цената на нафтата продолжи да паѓа по најавите за најголемо ослободување на резервите

    Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001 година – поделба, федерализација, размена на население…

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.