Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026

    Безбеден град се проширува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    25/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид
    Култура

    Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид

    24/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска, во рамки на работната посета на Охрид, заедно со директорот на Завод и музеј – Охрид, Горан Патчев изврши увид во состојбата на Самуиловата тврдина и ги презентираше активностите што ќе се реализираат со цел заштита и ревитализација на културното наследство.

    Министерот нагласи дека заштитата, промоцијата и презентацијата на Охрид и Охридската споменична целина, која е дел од светското културно и природно наследство, претставува врвен приоритет за Министерството за култура и туризам.

    „Се наоѓаме на Самуиловата тврдина – еден од најзначајните симболи на историјата, културата и идентитетот на Охрид. Нашата заложба е ова културно богатство да го зачуваме, но и да му дадеме нова, современа културна содржина“, истакна Љутков.

    Тој додаде дека во годината кога Завод и музеј – Охрид одбележува 75 години од постоењето, во годишната програма за заштита на недвижното културно наследство се издвоени 11.520.000 денари за реализација на значајни проекти. Средствата се наменети за ревитализација на Самуиловата тврдина, која опфаќа археолошки доистражувања, поставување илуминација и партерно уредување со летна сцена. Со тоа ќе се овозможи повторно одржување на театарски претстави, концерти и други културни настани, со што тврдината ќе добие и одржлива културна функција.

    Покрај тоа, ќе се реализираат и заштитни интервенции и археолошки истражувања на локалитетот Манчевци, каде се наоѓа ранохристијанска базилика со вредни мозаични површини. Поради констатирани оштетувања, предвидени се активности за дополнителни истражувања, изградба на потпорен ѕид и соодветно инфраструктурно уредување, со цел создавање услови за негова презентација и промоција.

    Љутков потенцираше дека Министерството за култура и туризам останува цврсто посветено на системска грижа за културното наследство, како значаен ресурс за развој на културниот туризам и афирмација на државата на меѓународно ниво.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026

    Безбеден град се проширува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    25/09/2026

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    На правосудниот испит работи работна група, а можеби и Венецијанската комисијарашањето со правосудниот испит

    Најчестите грешки што ги правиме при подготовка на сарма

    (Видео) Еден поглед на Никола Пелц кон Бруклин Бекам предизвика лавина реакции

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.