Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Немаме друго решение меѓу ЕУ и Бугарија, освен да го браниме правото дека постоиме како Македонци
    Политика

    Немаме друго решение меѓу ЕУ и Бугарија, освен да го браниме правото дека постоиме како Македонци

    10/04/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Навистина, некои од иницијативите се блокираат на половина пат, други се отфрлаат по целосно спроведена процедура, но во ЕУ одамна им е јасно дека за сопствената функционалност им е потребен начин за премостување на можноста за злоупотреба на ветото од страна на сопствените членки.

    Таквите видливи и невидливи превирања од ЕУ, во Македонија во голема мера се слушаат со многу резервиран интерес, со оглед дека во нејзината дваесетгодишна историја со кандидатски статус во евроинтеграциите, многу навидум поверодостојни критериуми, ветувања  и иницијативи од страна на Европската Унија беа прекршени, изневерени и изманипулирани, што сега секоја „дојава“ од Брисел никако не смее да се прифати „здраво за готово“. Особено што, еврофункционерите не отстапуваат од контроверзниот и некопенхагенски „критериум“ за отворање на кластерите за преговори на Македонија со ЕУ – уставните измени за внесување на Бугарите како малцинство во македонскиот Устав.

    Неодамна, поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев, кој е во нов политички залет за претстојните вонредни парламентарни избори во оваа соседна земја на 19 април, во интервју за бугарските медиуми, се пофали дека не попуштил на притисоците од премиери и претседатели од ЕУ, како и високи функционери од САД, да го тргне ветото за почеток на преговорите на Македонија за членство во Унијата. Радев, како еден од најуспешните „проекти“ во неговата претседателка биографија го наведува токму тоа штп не го повлекол ветото додека не издејствувал услов за Македонија – промена на Уставот и внесување на Бугарите во македонскиот конститутивен акт.

    „Една година, додека во Бугарија имаше моја техничка (службена) влада, бев подложен секојдневно на по едно јавување на претседател или премиер на некоја држава. вклучително и државниот секретар на САД – неколку пати, за да дозволиме Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија. Јас присуствував, всушност ја претставував Бугарија на два самити на ЕУ за проширување, каде што беа присутни сите членки од Советот на ЕУ и каде се гласаше. Притоа бев подложен на ‘артилериска подготовка’, со часови , со Меркел и со Макрон. Можете да претпоставите за што стануваше збор. Имаше два пати ‘не’ за Македонија. Добро, кажав ‘не’, но не само ‘не’, туку треба да имаш предлог. Јас го дадов единствениот конструктивен предлог – промена на Уставот во Република Македонија, за на крајот да ги впишат Бугарите, покрај другите народи“, одговара Радев во интервјуто на прашање за односите со Македонија.

    Таквиот услов на Радев е вграден во предлог-преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и според тоа, само со внесување на Бугарите во Уставот може да бидат ефективно започнати преговите за членство во Унијата, иако земјвата има 20-годишен кандидатски стаж пред портите на ЕУ, претходната 25-годишна  блокада од Грција ја „надмина“ со Преспанскиот договор (кој исто така е контроверзен според меѓународното право). Она што е мошне симптоматично е што претставниците на Европската Унијата и понатаму прецизно внимаваат да не ѝ дадат гаранции на Македонија дека нема да има други билатерални услови и уцени во преговарачкиот процес, доколку го исполни и тој некопенхашки услов за уставни измени од тн. „француски предлог“ во нестандардната преговарачка рамка.

    Професорот Стојко Стојков, копретсдедател на ОМО Илинден -Пирин, граѓанска организација на Македонците во Бугарија, (која бугарската држава одбива да ја регистрира и покрај повеќе пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур), смета дека „успехот“ на Радев во уценувањето на Македонија на нејзиниот европски пат, не е само негова лична позиција, туку е поддржана од цената бугарска политичка класа.

    „Во блокирањето на евроинтеграциите на Македонија, воопшто не е во прашање само Радев или кој било друг бугарски политичар, туку за тоа има општ консензус во цела Бугарија. Барем во она што се нарекува бугарска политичка класа, доминантна мисла е дека уцените врз Македонија за членство во ЕУ, со крајна цел – бугаризација на Македонците, се сосема оправдани. Воопшто не ги засега во Бугарија што на тој начин директно ги нарушуваат сите меѓународни конвенции за човекови права,  неприкосновеноста на националното самоопределоување како човеково право и што ја злоупотребуваат позицијата на членка на Европската Унија за билатерализација на процесот на проширување и спроведување на сопствените асималторски амбиции врз Македонците. Од друга страна, ние, како Македонци и Македонија како суверена држава сме целосно во право да не прифаќаме компромис со нејасен крај, на што нè наведува ЕУ. Бугарите во Уставот, не е крај на уцените што бугарската политика ги планира за Македонија на патот до членството во ЕУ и тоа многу јасно го кажуваат од Софија. Уште во 2009 година, од страна на бугарските политичари беше кажано: ‘Македонија во ЕУ – да, но македонизмот – не’ “, вели професорот Стојков.

    Тој потсетува дека за оваа навидум безизлезна ситуација со Бугарија во контекст на евроинтеграциите на Македонија, голем дел од вината имаат и македонските политичари. Првата грешка ја лоцира во Декларацијата за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, од 1999 година, со која Стојков смета дека тогашниот македонски премиер Љупчо Георгиевски се откажал од македонското малцинство во Бугарија и ѝ дозволил на Бугарија непречено да ги започне преговорите за членство во ЕУ , потврдувајќи дека оваа земја нема проблеми со малцинствата. Но Бугарија, сега не возвраќа џентлменски и токму со прашања за малцинствата ја уценува Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

    „Потоа, во 2017 година, Зоран Заев како македонски премиер направи уште полош договор со  Бугарија, кој влезе и во преговарачката рамка на ЕУ за Македонија. Оваа рамка нè става во навидум безизлезна ситуација за ЕУ: или да ги прифатиме условите на Бугарија или ќе нè блокира додека не прифатиме бугаризација на Македонија. Но ние немаме друго решение, освен да го браниме правото дека постоиме како Македонци“, категоричен е професорот и копретседател на ОМО Илинден – Пирин, Стојко Стојков.

    Јасминка Павловска

     

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Хајди Клум проговори за дијагнозата: Тоа е моја супермоќ, а не нарушување

    Шкупи посакува изненадување во Гостивар против Арсими

    Стартуваат обуките за граѓаните кои имаат „Б“ возачка дозвола, а сакаат да управуваат и мотоцикл

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.