Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Поранешен претседател на ФФМ доби кривична пријава за проневера на 660.000 евра
    Македонија

    Поранешен претседател на ФФМ доби кривична пријава за проневера на 660.000 евра

    24/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција во Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело, проневера во службата.

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешниот претседател на ФФМ, кој се сомничи дека во периодот од ноември – декември 2024 година, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје.

    Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура.

    Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот – изградба на трибина на Стадион “Билјанини Извори” во Охрид и дал предлог за отпочнување постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.

    Од Обвинителството информираат дека иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот, спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс.

    Осомниченот го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице.

    Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постои оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор

    Поврзани вести

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Министерството за животна средина соопшти дека немало истекување на линдан во ОХИС

    Скалони ги отвори картите: Меси ја предводи Аргентина на уште еден мундијал

    Зоран Ристоски избран за директор на МРТ, во трка биле шест кандидати

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.