Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Сара Пеканен: Со нетрпение ја очекувам средбата со македонските читатели на Саем на книгата 2026
    Култура

    Сара Пеканен: Со нетрпение ја очекувам средбата со македонските читатели на Саем на книгата 2026

    22/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, најнаградуваната македонска писателка Оливера Ќорвезироска, регионалната ѕвезда Неле Карајлиќ и бестселер-авторот Зоран Спасов Ѕоф се само дел од значајните авторски имиња кои ќе бидат дел од програмата на „Арс Ламина“ на годинашниот Саем на книгата, што ќе се одржи од 23 до 29 април, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Под слоганот „Од збор до збор“, „Арс Ламина“ ќе го започне одбележувањето на својот 20-годишен јубилеј со богата саемска програма: промоции на книги, потпишувања, работилници и понуда од над 1.200 наслови.

    На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“, и Сара Пеканен, која ќе биде ексклузивна гостинка на штандот на „Арс Ламина“.

    – Изминатите две декади зад нас стојат близу 5.000 објавени наслови, околу 7 милиони отпечатени книги, стотици илјади напишани страници, стотици автори и соработници и една силна заедница на читатели, која секојдневно расте заедно со нас. Зад секоја наша книга стојат посветени професионалци, со визија, знаење и чувство за квалитет, кои од ракописот создаваат дело што заслужува да стигне до читателот. Нашата мисија отсекогаш била јасна: да ги поставиме повисоко стандардите на издаваштвото во Македонија и постојано да ги поместуваме границите – во квалитетот на содржината, во уредничкиот пристап, во дизајнот и во начинот на кој книгата стигнува до читателот. За нас, секоја книга е можност да поставиме нов критериум – и како културна вредност и како производ. Токму преку тој континуиран напор, чекор по чекор, од збор до збор, 20 години ја градиме визијата за посилна, поквалитетна и поотворена издавачка сцена – рече Бугариска.

    Сара Пеканен, на средбата со македонските читатели на 25 април (сабота), со почеток во 13 часот, ќе го промовира својот нов психолошки трилер „Куќа од стакло“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, која ќе добие и второ издание. По промоцијата ќе следуваат потпишување и дружење со авторката.

    – Многу сум среќна и возбудена што сум во Скопје. Имав прекрасен пречек од мојот издавач во Македонија, „Арс Ламина“. Првпат доаѓам во Македонија и во овој регион и навистина е прекрасно. Воодушевена сум од кафето и храната во Македонија, а архитектурата е прекрасна. Се радувам на времето што ќе го поминам тука со тимот на мојот издавач, а особено со читателите. Навистина се посебни читателите во Македонија – добивам неверојатно многу пораки и имам многу следбеници оттука. Со нетрпение очекувам да се сретнам со нив на Саемот на книгата во сабота. Најинтересниот дел ќе биде да одговорам на сите прашања на читателите и да видам какви импресии имаат од моите книги. Инаку, моите книги не се базирани на мојот живот и немаат автобиографски елементи – ако беше така, со оглед на тоа што станува збор за психолошки трилери, тоа би значело дека имам многу мрачен живот… Но, во емоциите и карактерите внесувам дел од моите размислувања и чувства – неопходно е да се запознае ликот однатре за да може веродостојно да се прикаже при пишувањето. Во подготовките за моите книгите се навраќам на моите новинарски корени и истражувам како за новинарска сторија пред да ја креирам самата приказна – истакна Пеканен.

    За време на гостувањето во Скопје, таа ќе одржи и мастер-клас, закажан за денеска (22 април) во 17 часот во „Синеплекс“, во „Сити мол“. Утре (среда, 23 април), ќе се обрати на свеченото отворање на Саемот на книгата. На 24 април (петок), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи ВИП-книжевен настан со Пеканен. На 26 април (недела) во 11 часот, таа ќе биде дел од book club настан со клубот на читатели, на кој ќе се разговара за нејзиниот нов роман „Куќа од стакло“.
    „Арс Ламина“ на Саемот на книгата ќе понуди попусти до 80 %, повеќе од 50 саемски новитети и богата програма со средби со автори, инспиративни настани и креативни работилници за деца. Програмата започнува на 23 април со промоцијата на новиот роман на популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф – „Гоце Делчев: Љубов и смрт“, што ќе се одржи во 18 часот на штандот на „Арс Ламина“. Во продолжение следува целосната програма:

    ПРОГРАМА – САЕМ 2026 | АРС ЛАМИНА
    ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

    „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ – Зоран Спасов Ѕоф
    23 април (четврток), 18 часот, штанд на „Арс Ламина“
    Промотори: Татјана Димовска-Атанасова, Братислав Димитров
    Настап на диџеј Дела

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Се откажуваат летови на аеродромите во САД, блокадата на Владата не попушта

    Русија започна масовни напади низ Украина додека продолжуваат мировните преговори во Мајами

    САД ги сопреа сите апликации од имигранти од 19 земји

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.