Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Засилување на трговската размена меѓу Македонија и Казахстан
    Политика

    Засилување на трговската размена меѓу Македонија и Казахстан

    20/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Оваа посета е јасен сигнал за заедничката подготвеност за продлабочување на економската соработка и унапредување на севкупните билатерални односи. Во разговорите отворено констатиравме дека сегашното ниво на економска размена не го одразува реалниот потенцијал меѓу двете земји. Но исто така се согласивме дека постојат конкретни и достижни можности тој јаз да го затвориме во периодот што следува“, рече Муцунски.

    Во таа насока, Муцунски информира дека разговарале за одржување на втората седница на Заедничката македонско-казахстанска комисија за трговска и економска соработка во Астана како важен чекор за поинтензивна и пофокусирана економска динамика.

    „Паралелно, останува наша заедничка задача да ги надминеме предизвиците поврзани со географската оддалеченост преку зајакнување на директната комуникација меѓу компаниите и стопанските комори, како и преку поактивна организација на бизнис-форуми, саеми и промотивни активности, вклучително и во областа на културата и туризмот“, рече Муцунски.

    Тој изрази уверување дека вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје и потпишувањето два значајни документи ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена.

    „Создавањето предвидлива и конкурентна деловна клима и привлекувањето странски инвестиции остануваат врвен приоритет на Владата. Во таа насока остануваме отворени за казахстански инвеститори како во технолошко-индустриските развојни зони така и пошироко, во согласност со нивните инвестициски интереси“, заклучи Муцунски.

    Шакалиев, од своја страна, рече дека Казахстан и Македонија продолжуваат постојано да ги зајакнуваат билатералните односи ставајќи особен акцент на развојот на трговската, економската и инвестиционата соработка.

    „Казахстанската делегација, која што ја сочинуваат претставници на деловната заедница, агроиндустрискиот сектор и академската заедница, пристигна денес во Северна Македонија како дел од трговската и економската мисија на нашата земја. Главната цел ни е да ја зголемиме билатералната трговија, да ги прошириме деловните контакти и да воспоставиме конкретни области на соработка“, истакна Шакалиев.

    Тој нагласи дека Казахстан активно го развива својот транспортен и логистички сектор, гради одржливи патишта меѓу Азија и Европа.

    „Клучна улога во тој процес игра транскаспискиот меѓународен транспортен пат, односно средниот коридор, кој ја обликува новата конфигурација на евроазиската трговија. Во тој контекст, Северна Македонија се гледа како ветувачка врска на европскиот пат. Нејзината географска локација и интеграцијата во балканските транспортни мрежи создаваат дополнителни можности за воспоставување отпорни логистички синџири, за пласирање на казахстанските производи на пазарите во Југоисточна и Источна Европа“, рече Шакалиев.

    Казахстанскиот министер посочи дека еден од клучните практични чекори ќе биде воспоставувањето деловен совет, кој ќе ја олесни директната интеракција меѓу деловните заедници на двете земји и ќе овозможи брз развој на споделени проекти.

    „Таквите иницијативи, вклучувајќи ги и трговските мисии и создавањето институционални платформи за дијалог, се гледаат како почетна точка за премин кон поструктурирана и одржлива трговска и економска соработка меѓу нашите две земји. Фокусот се става на развојот на индустриската соработка, воспоставување заеднички деловни проекти и проширување на инвестицискиот ангажман, што ќе придонесе кон заеднички модели што носат придобивки за двете земји“, заклучи Шакалиев на заедничката прес-конференција со Муцунски.

    МИА

    Поврзани вести

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Средба Муцунски-Шикорски: Интеграцијата на Западен Балкан е незавршена работа

    Кралот Чарлс го разјасни статусот на принцот Хари и Меган по нивното враќање во Британија

    Од отворените податоци до е-општините: како Партнерството за отворено власт ја прави Северна Македонија подигитална и потранспарентна? 

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.