Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Во Кочани откриено спомен-обележје за Илчо Гоцевски, возачот на брзата помош кој спасуваше повредени од „Пулс“
    Македонија

    Во Кочани откриено спомен-обележје за Илчо Гоцевски, возачот на брзата помош кој спасуваше повредени од „Пулс“

    18/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Иле, возач во Итната медицинска помош, почина на 17 март во својот дом, откако претходно, во кобната ноќ, над десетпати со своето возило превезуваше повредени на Клиники во Скопје.

    Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64 – та жртва на пожарот во „Пулс“.

    Иле, во текот на кобната ноќ помеѓу 16 и 17 – ти март со болничкото возила во единаесет наврати превезуваше повредени на Клиники во Скопје. Почина во својот дом на 17 март во вечерните часови во сон, после бурната и исцрпувачка ноќ, после борбата да се спаси уште еден живот.

    Бистата на Илчо Гоцевски е подигната на иницијатива на неговите колеги од Итната медицинска помош, а на чело на иницијативниот одбор беше Љупчо Ѓоргиевски, сега член на Советот на Општина Кочани.

    „Иле не беше колега, тој беше брат, другар, пријател, поддршка и пример за тоа што значи да се биде човек во вистинска смисла на зборот. Во секојдневните моменти занеше да внесе топлина, насмевка и надеж, а во најтешките покажа нешто што не може да се научи, туку се носи во себе. Вистинска несебична храброст. Во миг кога многумина би се повлекле, Иле чекореше напред, без двоумење и страв воден од желбата да помогне и спаси други. Тој го даде највредното што човек може да го даде – својот живот за да спаси други животи“, рече во својот емотивен говор, Ѓоргиевски.

    На откривањето на спомен обележјето на Гоцевски, донација на вајарот Филип, присуствуваа претставници на Владата, пратеници, членови на Советот на Општина Кочани, вработените во болницата, негови колеги, семејството, негови пријатели, граѓани.

    Името на Илчо Гоцевски, кај сите што го познаваа, ќе остане запаметено како олицетворение на тивко херојство, хуманост и несебично жртвување за други.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Најлошите особини на секој хороскопски знак во љубовта: Какви сте вие?

    Тројца краделе кабли во „Железара“, добија кривични пријави

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.