Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    01/10/2026

    То Вима: Грција бара измени во македонските учебници поради наводни прекршувања на Договорот од Преспа

    01/10/2026

    Кејт Мидлтон откри која домашна обврска сака да ја извршува: „Навистина уживам во тоа“

    01/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»СДСМ го обвинува Трипуновски за „корупција и скандали“, тој вели дека е „нелигитимна“ интерпелацијата
    Македонија

    СДСМ го обвинува Трипуновски за „корупција и скандали“, тој вели дека е „нелигитимна“ интерпелацијата

    18/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Денес на прес-конференција, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе интерпелација кон министерот за земјоделство, Цветан Трифуновски, обвинувајќи го за корупција, скандали и штетни политики во ресорот.

    „Интерпелацијата ја поднесуваме поради сериозни, континуирани и веќе процесуирани случаи на системска корупција невидена досега, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот дефинирани во законите, како и сериозно нарушување на функционирањето на Министерството и институциите во ресорот што го води“, изјави пратеникот од СДСМ, Љубчо Николовски.

    На прес-конференција, пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделие, Љубчо Николовски, како клучна причина за интерпелацијата го посочи случајот во кој директорот на Платежната агенција и директорот на Инспекторатот за земјоделство беа фатени при примање мито од 50.000, односно 100.000 евра.

    Николовски го наведе и корупцискиот скандал со европските фондови, поради кој на државата ѝ се суспендирани 128 милиони евра од ИПАРД програмата. Како што кажа тој, земјоделците со месеци немаат пристап до европските средства поради нетранспарентно постапување на институциите.

    Како причина се наведува и, според опозицијата, нерамномерната распределба на поддршката, при што зголемувањето на лимитот за субвенции оди во корист на големите компании, додека малите земјоделци остануваат со ограничена помош.

    „Резултатот е катастрофален. Земјоделците се оставени сами. Цените се под производствените трошоци. Во време кога другите држави воведуваат нови мерки, кај нас имаме укинати програми, намалени субвенции и суспендирани европски средства. Овој министер нема капацитет, нема легитимитет и нема право да ја води оваа институција“, изјави Николовски

    Од СДСМ обвинуваат и за лоша состојба во институциите, со наводи за притисоци врз вработените и деградација на професионалниот кадар.

    Интерпелација од пратеничката група на СДСМ кон министерот за земјоделство | Фото: СДСМ

    Се огласи и самиот министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој оцени дека интерпелацијата поднесена од опозицијата за неговата работа е без основа и има политичка заднина, додавајќи дека нема да произведе конкретен ефект.

    Тој денеска реагираше преку објава на својот фејсбук-профил, при што упати критики и кон неговиот претходник на функцијата, Љупчо Николовски.

    „Љупчо Николовски се јави, навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене! Нејсе, да му одговорам. Политички не постоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно!“, стои во објавата на Трипуновски.

    Во објавата на Фејсбук, Трипуновски упати и директни критики кон Николовски, доведувајќи го во прашање неговиот политички легитимитет во СДСМ, како и неговото работење во периодот додека ја извршувал функцијата министер за земјоделство.

    „Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС. Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер! Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер“, вели Трипуновски.

    Поврзани вести

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026

    Заради поплавата во зградата на „Нова Македонија“, вработените ќе работат од дома

    30/09/2026

    Петмина приведени за тероризам и трговија со оружје

    29/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    01/10/2026

    То Вима: Грција бара измени во македонските учебници поради наводни прекршувања на Договорот од Преспа

    01/10/2026

    Кејт Мидлтон откри која домашна обврска сака да ја извршува: „Навистина уживам во тоа“

    01/10/2026

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Комитетот за човекови права на ОН: Бугарија ја прекршува слободата на здружување одбивајќи регистрација на организација на етничките Македонци

    Алкалоид домаќин на Тиквеш, ГРК Охрид по „печат“ во Градишка

    Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.