Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Пратенички од македонското Собрание ги набљудуваат изборите во Унгарија
    Политика

    Пратенички од македонското Собрание ги набљудуваат изборите во Унгарија

    12/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што соопшти собраниската прес-служба, мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во повеќе региони на Унгарија. Специјален координатор на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на изборите во Унгарија е Саргис Канданјан, пратеник од Ерменија и претседател на Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања на ПС на ОБСЕ, а шеф на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ е пратеничката Рупа Хук, членка на делегацијата на Обединетото Кралство во ПС на ОБСЕ.

    Парламентарното собрание на ОБСЕ по четврти пат ги набљудува изборите во Унгарија. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваат со шефот на Мисијата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР), Еоган Марфи (Ирска), неговиот тим од 15 меѓународни експерти со седиште во Будимпешта, 18 долгорочни набљудувачи распоредени низ земјата од 26 февруари 2026 година, како и околу 200 краткорочни набљудувачи распоредени на денот на изборите. Тимот на ПС на ОБСЕ, исто така, соработува и со Делегацијата од 32 парламентарци од Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Пабло Испан, пратеник од Шпанија.

    Во пресрет на изборите, набљудувачите учествуваа на дводевни сеопфатни брифинзи со високи претставници на политичките партии и коалиции што учествуваат на изборите, со шефот и долгорочните набљудувачи на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и со претставници на изборната администрација, на граѓанските организации, на медиумите, аналитичари и експерти.

    Мисија за набљудување на парламентарните избори во Унгарија треба да процени дали изборите се спроведуваат согласно демократските заложби содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година, кои вклучуваат, меѓу другото, слободно гласање, фер и слободна изборна кампања, правичен пристап до медиумите, како и чесно и точно известување за резултатите. Наодите на набљудувачите ќе бидат анализирани и вклучени во Изјавата со првични наоди и заклучоци, која ќе биде претставена на Заедничката прес-конференција на Меѓународната мисија за набљудување на изборите во Унгарија, што ќе се одржи на 13 април во 15 часот, во Будимпешта и ќе се пренесува во живо на веб-страницата на ПС на ОБСЕ (www.oscepa.org), стои во соопштението.

    The post Пратенички од македонското Собрание ги набљудуваат изборите во Унгарија appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист и го напушти местото на настанот

    (Видео) Розова од глава до петици: познатата русокоса прошета во Њујорк како Барби

    (Фото/Видео) Оваа фризура е вистински хит во 2026 година, а не мора да ја стилизирате

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.