Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Зелен хуман град: Македонија не е депонија
    Македонија

    Зелен хуман град: Македонија не е депонија

    09/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Зелен Хуман Град обвинува дека Владата планира да дозволи повторно отворање на рудникот Крстов Дол за ископување на антимон. Според соопштението, рудникот кој не е активен повеќе од пет децении, и натаму претставува извор на загадување поради несанираната јаловина од поранешната експлоатација.

    „Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник Крстов Дол, каде што во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон.
    За жал, македонските власти се заинересирани само за отварање на нови еколошки жаришта, додека старите не се санирани и сè повеќе се деградираат и нè трујат. Имено, рудникот Крстов Дол иако не работи повеќе од 50 години, јаловината од поранешната експлоатација и понатаму е извор на загадување на површинските води. Главни загадувачи се арсен (As), антимон (Sb) и талиум (Tl)“ велат во соопштението.

    Од организацијата предупредуваат дека краткорочна изложеност на висока концентрација на овие токсични елементи може да предизвика гадење, повраќање, дијареа, силна абдоминална болка, срцеви аритмии и во екстремни случаи смрт. Додека последиците од долгорочна изложеност на ова еколошко жариште се рак на кожа, бели дробови или мочен меур; кожни промени (потемнување, задебелување); оштетување на нерви (трнење, слабост), кардиоваскуларни болести или дијабетес тип 2.

    „Сите овие опасности веќе нè демнат од јаловината на стариот рудник, но ако се дозволи ново ископување на антимон ќе има акумулирање во почвата од каде што растенијата може да го апсорбираат и ќе влезе во синџирот на исхрана. Последиците од ова би биле намалена плодност и потенцијално токсична храна. При ископ и дробење на антимон се создава фина прашина што ако се вдише може да предизвика разни здравствени последици на белите дробови. Како производ на ископувањето на антимон ако се користи флотација се создаваат огромни количества на отпад хидројаловина што се складира во брани. Ако браната за хидројаловина протече или пукне може да дојде до катастрофа! Низ светот има примери од огромен број на уништени екосистеми од рудници и тоа најчесто се случува во корумпирани/сиромашни земји како нашата.“ предупредуваат од Зелен Хуман Град.
    Според извештај кај Крстов Дол веќе има три брани со хидројаловина од кои две во критична состојба. Браната со хидројаловина 1 е опишана како близу до флотациската постројка и е веќе натрупана над нејзиниот насип, поради што може да се прелее при обилни дождови. Браната со хидројаловина 3 се наоѓа покрај речната рамнина каде што, доколку се појават поплави, јаловинските материјали лесно се измиваат. Во извештајот се вели дека е „критично“ трите брани со хидројаловина да почнат да истекуваат кон долниот тек доколку дојде до обилни дождови.
    Според истиот извештај поради рударските операции во Крстов Дол има зголемено ниво на тешки метали во водата, при што Sb (антимон) достигнува пет пати поголема вредност од препорачаната од СЗО кај вдлабнатините и под браната за јаловина.

    Поврзани вести

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

    КУП 2026-ЖЕНИ: Четвртти трофеј за Баскет кам или прв за Крива Паланка?

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.