Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Забава»(Фото) Што јадат астронаутите на мисијата Артемис II додека летаат околу Месечината?
    Забава

    (Фото) Што јадат астронаутите на мисијата Артемис II додека летаат околу Месечината?

    04/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Астронаутите на мисијата Aртемис II ќе имаат богато и внимателно планирано мени од 189 различни јадења, прилагодено на нивните вкусови, нутритивните потреби и ограничувањата на вселенскиот брод, објави НАСА.

    На менито се најде сè, од зеленчук киш, брокула а’ла гратен и макарони со сирење, до манго салата и брускет од говедско месо. Тие исто така ќе имаат 58 тортиљи, кои се практични за јадење во микрогравитација и создаваат многу помалку трошки од лебот.

    За појадок, астронаутите можат да избираат меѓу пржени јајца, колбас, пченично лепче, гранола со боровинки и зеленчук киш. Главните јадења вклучуваат брускет од говедско месо, брокула а’ла гратен, макарони со сирење и зачинети зелени гравчиња. Плодови и зеленчук не недостасуваат – на менито се манго салата, тропска овошна салата, тиква и карфиол.

    Секој астронаут ќе има три оброци дневно, освен на деновите на лансирање и враќање. Тие ќе можат да изберат два ароматизирани пијалоци дневно, вклучително и кафе – за целата мисија од 10 дена се планирани 43 шолји кафе. Други опции се смути од манго и праска, чоколадни утрински пијалоци и какао.

    Десертите се различни: од пудинг, колачи и торти до бадеми со чоколадна глазура, но најчесто се колачиња и чоколадо. Оброците можат да се дополнат со пет видови лута сос, како и со сируп од клен, лута сенф, путер од кикирики или мед.

    НАСА обезбедила компактна машина за загревање храна и диспенсер за вода, за да можат астронаутите лесно да ги подготват оброците во микрогравитација.

    Во изборот на менито учествувале „експерти за вселенска храна“ заедно со екипажот, при што се земени предвид калориските потреби, нутритивната вредност и личните вкусови на астронаутите. „Познатата храна има важна улога за моралот и прифаќањето на менито за време на мисијата“, истакна Викиторија Сеговиа од НАСА.

    Поврзани вести

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    116 седница на Собранието, на дневен ред предлог закони од образованието

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025

    Филипче бара истрага од МВР за инцидентот во Ново Село

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.