Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Андоновски: Први ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг, отвораме владин центар за сајбер безбедност
    Македонија

    Андоновски: Први ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг, отвораме владин центар за сајбер безбедност

    03/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во гостување на ТВ21, тој објасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека патуваат во земјите од Европската Унија.

    Андоновски објасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека патуваат во земјите од Европската Унија.

    „За роамингот ветив – ќе бидеме прва држава која ќе ги исполни задачите. Тоа значи нема да плаќаме дополнително кога сме во ЕУ. Балканскиот модел на роаминг сакаме да го пресликаме и за ЕУ. Ние ја завршивме својата работа, го испративме текстот до ЕУ за мислење и ќе го изгласаме во Собранието“, изјави Андоновски.

    Министерот додаде дека пред две недели добиле нови прашања од Европската Унија, но дека планот останува непроменет и земјата е подготвена да ја финализира законската регулатива за укинување на роаминг трошоците.

    Во контекст на ЕУ интеграцијата, пак, Андоновски истакна дека државата не се откажува од европскиот пат, но нагласи дека секој следен чекор мора да биде проследен со јасни гаранции. Посочи дека земјава активно работи на реформите и ги исполнува обврските кои ѝ се поставени.

    Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот Андоновски.

    Тој информираше дека за овој проект се обезбедени значајни финансиски средства, дел од нив од Европската Унија.

    „Средства од ЕУ и наши средства 1,5 милион евра вложивме за отворање на владин центар со одговор на сајбер инциденти кој ќе го отвориме… Ќе треба реално да гледаме што се случува во сајбер безбедноста“, рече Андоновски.

    Со овој центар, како што појасни, институциите ќе имаат подобар капацитет за справување со сајбер заканите и инцидентите, кои во последните години стануваат сè почести и пософистицирани.

    „Промените во глобалната економија и развојот на вештачката интелигенција создаваат сериозен притисок врз домашниот ИТ сектор, кој веќе не бележи раст како во изминатите години“, оцени министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    Тој посочи дека приватниот ИТ сектор значително го намалил темпото на вработување, за разлика од периодот 2021–2023 година.

    „Вештачката интелегенција, затворање на определени пазари од западна Европа се чувствува притисок на приватниот, домашниот приватен ИТ сектор не вработува како во пред три-четири години… Примањата или се намалуваат или стагнираат, и луѓето кои немаат работа веќе се спуштаат на минимална плата… Но сега е веќе притисок на пазарот на труд, интересот да се вработат во државна администрација се зголемува“, изјави Андоновски.

    Одговарајќи на прашање за значењето на втората сесија од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, која ќе се одржи идната недела во Вашингтон, а на која дел од македонската делегација ќе биде и тој, министерот нагласи дека ова е исклучително важен дипломатски и стратешки процес за државата.

    „Ние ќе бидеме единствената европска држава која оваа година ќе одржи втора сесија од Стратешкиот дијалог. Можам да кажам дека веќе имаме одлична соработка со Соединетите Американски Држави во областите што јас ги покривам, а тоа се дигитализацијата и сајбер безбедноста. За време на мојата посета во јануари, на највисоко ниво во Стејт департментот разговаравме за прашања поврзани со соработката со Македонија, предизвиците во сајбер безбедноста, дигиталната инфраструктура и размената на информации за потенцијални ризици во сајбер просторот. Очекувам од овој Стратешки дијалог да произлезат конкретни точки што ќе значат подобрување на можностите за македонските граѓани, за македонската економија, како и за соработката меѓу институциите, со многу конкретни придобивки за двете страни“, изјави Андоновски.

    Тој посочи дека сајбер нападите денес сè почесто се користат како алатка за водење асиметрични војни, како од државни, така и од недржавни актери. Тоа, како што рече, значи насочени напади во сајбер просторот кон критичната инфраструктура, која не ја опфаќа само цивилната, туку и здравствената, образовната и другите клучни области.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    МРК Куманово се засили со десен бек од Бразил

    Брнабиќ вели дека тоа што се случува со Македонија и ЕУ никому во светот не може да му се објасни

    Генералната обвинителка на Њујорк – Летиција Џејмс е обвинета за измама со хипотеки од страна на Трамп

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.