Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Љутков: Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе прерасне во значаен центар на културните случувања
    Култура

    Љутков: Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе прерасне во значаен центар на културните случувања

    01/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Денешниов ден има особено значење за жителите на Ченто, како и за многубројните чинители кои работат и живеат за културата. Чувствувам особено задоволство што денес присуствуваме на свеченото отворање на реконструираниот и современо уреден Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, значаен културен објект во рамките на Општина Гази Баба. Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на обновена енергија и на засилена грижа за културниот живот, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешното свечено отворање.

    Министерот Љутков додаде дека со инвестиција од над 87 милиони денари, обезбедена преку средствата од капиталните дотации за културата, Домот на културата „11 Октомври“ е целосно реконструиран и трансформиран во современ, функционален и енергетски ефикасен објект, приспособен за одржување најразлични културни настани.

    Тој нагласи дека реализацијата на проектот претставува резултат на успешна и координирана соработка меѓу централната и локалната власт, што претставува пример за ефикасно партнерство во интерес на граѓаните и развојот на културата.

    Министерството за култура и туризам, рече Љутков, во континуитет инвестира во проекти на локално ниво, со цел рамномерен културен развој низ државата.

    Се очекува Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто да прерасне во значаен центар на културните случувања, кој ќе ги обединува генерациите и ќе придонесува за збогатување на културниот живот во општината и пошироко, велат од Министердтвото.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Грејната сезона почнува од утре, температурите паѓаат под 12 степени Целзиусови

    Софија негира дека дистрибуиралe дипломатска нота за патување на семејството на Мицкоски

    За Лазаров велеа дека не знае да плива во длабокото, но тој и неговите момци препливаа океан

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.