Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Тајра Бенкс ја прекина 7-годишната врска: „Убаво е повторно да се биде слободен“

    13/11/2026

    Нова снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат за нејзиниот од

    13/11/2026

    Студентите од охридскиот дом „Никола Карев“ сместени надвор од градот, сами го плаќаат превозот до факултетите

    12/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Леб, туна и кромид за студентите, повластени цени за пратениците
    Македонија

    Леб, туна и кромид за студентите, повластени цени за пратениците

    12/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Колку храна може да се купи со 140 денари и зошто пратениците, кои имаат значително повисоки примања од студентите, имаат пристап до оброци по повластени цени? Ова се прашањата што ги отвора уметничката акција „Општествени контрасти“, чија цел е да укаже на влошувањето на студентскиот стандард и растечките животни трошоци. Како што информираат во Центарот за современи уметности ЦАЦ, преку две симболично поставени трпези, студентска и пратеничка, оваа акција ги претставува разликите во условите за исхрана и секојдневниот живот на студентите и избраните претставници во Собранието.

    Фото: Центар за современи уметности ЦАЦ

    „Контрастот меѓу двете маси е едноставен: со 140 денари не може да се обезбеди пристоен и хранливо балансиран студентски оброк. Во меѓувреме, цените на храната и трошоците за живот растат, а студентите што доаѓаат од другите градови покрај сместувањето и храната мораат да ги покриваат и сè повисоките трошоци за превоз. Студентскиот стандард опаѓа, а поддршката не ги следи реалните потреби. Во ситуација кога младите секојдневно се соочуваат со сè поголеми трошоци и сè помалку можности да живеат достоинствено, не треба да се чудиме што многумина својата иднина ја бараат надвор од земјата“, пишува во соопштението од ЦАЦ.

    Целта на „Општествени контрасти“ е да ги направи повидливи барањата на студентите за подобар стандард, поголема финансиска поддршка и поквалитетни услови за образование и живот.

    Поврзани вести

    Студентите од охридскиот дом „Никола Карев“ сместени надвор од градот, сами го плаќаат превозот до факултетите

    12/11/2026

    Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници

    12/11/2026

    Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски

    11/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Тајра Бенкс ја прекина 7-годишната врска: „Убаво е повторно да се биде слободен“

    13/11/2026

    Нова снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат за нејзиниот од

    13/11/2026

    Студентите од охридскиот дом „Никола Карев“ сместени надвор од градот, сами го плаќаат превозот до факултетите

    12/11/2026

    Леб, туна и кромид за студентите, повластени цени за пратениците

    12/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Најголемите ласкачи во хороскопот: Секогаш кога ќе се свртите – тие се до шефот

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    Спасувачки мисии на Монт Еверест, речиси 1.000 планинари заробени од снежна бура

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.