Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Повредените од пожарот во Кочани се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско нарушување
    Македонија

    Повредените од пожарот во Кочани се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско нарушување

    30/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Третина од повредените лица во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани имаат анксиозност, 27,5 проценти имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6 проценти се
    соочуваат со депресија, покажале резултатите на стражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници
    кои биле лекувани во рамки на третманот на лузни со PDL (Pulsed Dye Laser) на Универзитетската клиника за дерматологија.

    Како што информираше директорката на Универзитетската клиника за психијатрија, проф. д-р Славица Арсова, преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици. Истражувањето е спроведено во периодот од јануари до март 2026 година и ќе биде дополнително истражувано со цел да се добијат научно верификувани
    податоци за психолошките последици од една од најтешките трагедии во поновата македонска историја.
    Дури 72 проценти од испитаниците пријавиле загуба на блиска личност во трагичниот настан, што се покажува како значаен фактор за појава на ПТСР. Истовремено, 96 проценти го наведуваат семејството како главен извор на поддршка, што ја нагласува неговата клучна улога во процесот на опоравување.
    „Забележително е дека најголем дел од поддршката се бара кај семејството и од една страна е добро што кај нас опстојува оваа поврзаност со семејството. Сепак, од друга страна, сè уште егзистира стигмата кога станува збор за барање стручна помош“, истакна Арсова.
    Еден од најзначајните наоди од истражувањето е улогата на механизмите за справување со траумата. Избегнувачките стратегии, како повлекување, емоционално оттурнување и негирање се директно поврзани со повисоки нивоа на психолошки нарушувања и можат да доведат до продлабочување на симптомите. Истражувањето дополнително покажува дека жените се особено ранлива категорија, со повисоки нивоа на анксиозност, депресија и ПТСР. Избегнувањето на проблемот, емоционалното дистанцирање, самодистракцијата, негацијата, како и употребата на психоактивни супстанции и алкохол претставуваат ризични и неефикасни стратегии за справување со траумата.
    Во истражувањето биле вклучени 72 проценти мажи и 28 проценти жени, од кои најголем дел се на возраст од 18 до 29 години.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    НБА го исфрли Дончиќ од „триото“ кандидати за МВП

    Села го демантира Касами дека планира да влезе во Владата

    За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.