Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Нема веќе марионети кои би го смениле Уставот без јасен крај, дециден е премиерот
    Политика

    Нема веќе марионети кои би го смениле Уставот без јасен крај, дециден е премиерот

    29/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Поради лошите криминални и предавнички политики на претходната влада нашата позиција е таква каква што е. Но ова се историски процеси, ние ќе се бориме. Кај нашиот источен сосед политичарите за да го применат принципот на Живковизмот чекаа децении да се родат политичари од типот на тие што беа претходните седум години. Така што, ако треба и ние ќе чекаме децении. Но, политики кои директно влијаат врз нашиот идентитет, а од една страна не нудат предвидливост и јасен крај на тој процес, немам намера додека јас сум претседател на Владата по било која цена да влезам во една таква авантура“, рече Мицкоски на новинарско прашање по започнувањето на реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

    Говорејќи за позициите на Европска Унија која инсистира на вметнување на Бугарите во Уставот како услов за напредок, премиерот истакна дека нема намера по која било цена, да влезе во таква, како што ја нарече, политичка авантура.

    „Ние можеме да влеземе во авантура. Ние не го игнорираме слонот, слонот е во собата, го донесоа овие претходниве, но без да имаме јасен крај, без да знаеме што добива македонската заедница во Бугарија, без да имаме јасни заклучоци од страна на Европскиот Совет, ние немаме намера да влегуваме во било каква авантура која нас ќе не одведе повторно во некое друго политичко мочуриште“, рече премиерот Мицкоски.

    Премиерот при тоа нагласи дека приоритет остануваат реформите и исполнувањето на обврските кон Унијата. Според него, целта е државата да остане меѓу водечките кандидати во евроинтегративниот процес, но без компромиси кои би ја загрозиле националната позиција.

    „Ние ќе си ја завршиме нашата домашната задача. Нашата цел е во реформската агенда и сето тоа што е заедно со тоа да го испорачаме, да бидеме први, ние да бидеме вистинските фронтранери, што и го правиме, да ги испорачаме сите оние акциски планови меѓу кои е и Акциски план за малцинство, се што се бара од нас ние да го испорачаме. Од другите аспекти, секако сме најдобри, споредено со сите други земји од Западен Балкан 6, и јас сум у беден дека заклучно со јунскиот извештај и во делот на реформската агенда ќе бидеме најдобри, сега сме веќе рамо до рамо со најдобриот после јануарскиот извештај, а во јуни ќе бидеме најдобри. Ако тие мислат дека треба да биде услов промената на Уставот, а во се другото да бидеме најдобри, тогаш жалам но овде нема добар соговорник без да бидат исполнети другите детали. А секој еден треба да знае дека таа работа зависи исклучиво од најголемата политичка партија во Македонија и од ова раководство, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој живее во илузија дека ќе најде повторно некакви марионети кои нешто ќе направат во државата се лаже. Таа работа, така не бива“, потенцира премиерот Мицкоски.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Новиот кандидат за титулата во Ф1 доминираше, шампионот целосно потфрли

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Фото) Може ли да биде позгодна? Ева Лонгорија во танга бикини – кадар што ќе го паметите

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.