Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра, ќе продолжат до исполнување на барањата
    Политика

    Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра, ќе продолжат до исполнување на барањата

    14/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, пред присутните членови и поддржувачи, упати критики кон институциите за, како што рече, игнорирање на барањата за зголемување на работничките плати.

    Актуелната минимална плата, односно таа што ќе се исплати во април, по годишното усогласување, е 26.000 денари и не ја достигнува вредноста ниту до 500 евра.

    На почетокот од својот говор тој им се извини на полициските службеници ангажирани околу обезбедувањето на протестот, истакнувајќи дека и тие се работници кои годинава не добиле зголемување на платите.

    „Тие се исто така работници и заслужуваат почит, рече тој, повикувајќи ги присутните за аплауз.

    Претседателот на ССМ оцени дека институциите „се исплашиле“ од протестите и дека носат одлуки со кои, како што истакна, се штитат само функционерските примања.

    „Мнозинството пратеници се против усогласување на минималната плата и против зголемување на работничките плати најмалку за 6.000 денари“, рече Трендафилов.

    Според него, пратениците кои не ги поддржале измените на Законот за минимална плата „единствено гласале сложно“ за зачувување на сопствените примања.

    Тој истакна дека граѓаните не ги финансираат само избраните функционери, туку и политичките партии кои „држат прес-конференции против работниците“.

    Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски, пред Стопанската комора упати критика до работодавачите и институциите дека се повикуваат на поддршка на работниците, а од друга страна ги намалуваат платите.

    „Тука сме да покажеме дека нема бегање од покачување на платите. Платите мора да пораснат за младите да останат. Тоа е мотото кое ќе нè води додека не ја постигнеме целта“, истакна Пешевски.

    Тој повтори дека синдикатите бараат минимална плата од 600 евра веднаш, а не во 2028 година, како и целосно почитување на потпишаните колективни договори.

    „Ако се фалите дека сте трета или четврта економија, покачете ги платите. Ако има за нас, ќе има и за вас“, порача Пешевски.

    Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски истакна дека нема откажување и дека нема да попуштат.

    „Она што ни следува е наше и ќе го обезбедиме. Начинот е овој, борба до крај“, порача Гиевски нагласувајќи дека работниците стануваат сè похрабри и се подготвени да ги штитат своите права.

    Тој наведе дека синдикатите имаат јасни и конкретни барања, а тоа е повисока и достоинствена минимална плата, линеарно зголемување на работничките примања, почитување на колективните договори во образованието, усогласување на минималната плата со растот на платите во секторот, подобро вреднување на трудот во детската заштита.

    „Ако секој работник мора секој ден да внимава како работи и да ги почитува законите, мора и институциите да ги почитуваат законите и колективните договори. Платите треба да се исплаќаат онака како што е предвидено“, нагласи тој.

    Претседателот на НСОН упати и порака до оние вработени кои сè уште не се приклучиле на протесните активности дека веќе нема простор за тактизирање и криење, како и дека и тие имаат одговорност да се борат за нивните права.

    Синдикатите најавија дека протестите ќе продолжат пред сите релевантни институции сè додека не се исполнат барањата за зголемување на платите и подобрување на работничкиот стандард.

    Инаку, протестот на ССМ беше со забележителна масовност.

    The post Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра, ќе продолжат до исполнување на барањата appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Премија од 3.500.000 евра ако фудбалерите одат на СП!

    СДСМ: Владата склучила договор од 100.000 евра за набавка на вода без јавен оглас

    Трипуновски: Преку партнерски однос со земјоделците до раст на домашното производство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.