Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Минчев: Две години реформи
    Политика

    Минчев: Две години реформи

    01/07/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Минчев потенцира дека јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. Посочи дека резултатите од реформскиот процес се насочени кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби.

    „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно спроведување. Не се водевме од краткорочни решенија, туку од потребата да поставиме стабилни темели на систем, кој со години се соочуваше со одложувања и недовршени процеси“, рече тој.

    За Минчев еден од најзначајните резултати е усвојувањето на трите системски закони во областа на јавната администрација – Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

    „Особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог со синдикатите постигнат е историски договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. Реформата на јавната администрација не може да биде успешна без да се грижиме за луѓето што секојдневно ја носат работата на институциите“, нагласи Минчев.

    Министерот потенцира дека важен чекор кон професионализација на управувањето е донесувањето на Законот за високите раководители, со кој првпат се воспоставува единствен систем за избор и управување со највисоките раководни позиции во државната администрација.

    „Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет. Законот опфаќа државни секретари, директори и заменик-директори во институциите во кои е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите. Дополнително, со ограничувањето на в.д. мандатите на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори на три члена се создава поголема стабилност, ефикасност и рационално користење на јавните средства“, рече тој.

    Паралелно со законските промени, како што потенцира министерот, воспоставена е Академијата за јавна администрација како нов систем за развој на знаењата, компетенциите и професионалниот потенцијал на административните службеници.

    „Со модернизацијата на Центарот за обука во Аеродром, реализацијата на обуки за повеќе од 1.000 административни службеници во државата и развојот на современ електронски систем за учење ЛМС се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата. Академијата не ја гледаме само како нова институција, туку како инвестиција во луѓето и мотор на модерната администрација“, истакна министерот.

    Минчев нагласи дека во изминатиот период биле реализирани и други значајни процеси, унапредување на Информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, воспоставување механизми за следење на Стратегијата за реформа на јавната администрација, реформа на инспекцискиот систем, како и подобрување на процесите за управување со квалитетот во институциите. Потенцира дека во Министерството се реализирани и активностите во рамките на Партнерството за отворена власт, преку кое се зајакнуваат транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните во креирањето јавни политики, а паралелно се унапредил и процесот на процена на влијанието на регулативата (ПВР) преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија.

    Со сите овие активности, како што истакна министерот, Министерството за јавна администрација во изминатите две години направило значајни чекори во воспоставувањето нова рамка за функционирање на јавната администрација. Минчев потенцира дека овие процеси претставуваат цврста основа за администрација, која ќе се гради врз знаење, компетентност и одговорност, со крајна цел граѓаните да добијат поефикасни институции и подобри услуги.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Заседаваше Советот за безбедност, состојбата во земјата е стабилна и безбедна

    „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ на Ванчо Полазаревски – добитник на наградата „Оливера Николова“ за 2026 година

    (Фото/Видео) „Супержена“: Откриена е тајната што ја прави да изгледа нереално на 56 години

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.