Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сиљановска Давкова: Должни сме да го осудиме и да се спротивставиме на секој облик на фашизам
    Македонија

    Сиљановска Давкова: Должни сме да го осудиме и да се спротивставиме на секој облик на фашизам

    09/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна – антифашистичката. Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од Народноослободителната борба, цврсто решени да се изборат за слобода, но и за самостојна и независна држава на македонскиот народ“, напиша претседателката на својот Фејсбук профил.

    Таа наведе дека околу 25.000 борци не ја дочекаа слободата и победата, но останаа запишани во македонската историја како незаборавни јунаци за македонската држава.

    „Кога на 9 Мај 1945 година капитулираше нацистичка Германија, македонската војска броеше повеќе од 110 илјади борци. Има ли поголемо сведоштво за решеноста со крв да се извојува слободата и да се оствари правото на самоопределување? За храброста и пожртвуваноста, 66 борци беа одликувани со Орденот народен херој, од кои 44 постухумно“, истакна претседателката.

    Сиљановска Давкова наведе дека меѓу најтешките трагедии од македонската НОБ е оној врзан за македонските Евреи.

    „Пред војната, во Скопје, Битола и Штип еврејската заедница броеше 7.762 луѓе, почитувани македонски сограѓани. Во март 1943 година, окупаторските власти депортираа 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Речиси никој не се врати. Исчезнаа цели семејства, домови и генерации, но останаа небришливите траги и спомени во колективна меморија“, пишува претседателката.

    Претседателката нагласува дека 9 Мај одново и одново нè потсетува дека ниту слободата, ниту државата не ни се подарени, туку со живот и крв се изборени и мора да се чуваат, негуваат и бранат.

    „Како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии, да веруваме и трагаме по мировни решенија за сите внатрешни, меѓудржавни и меѓународни проблеми, следејќи го примерот на вистинските европјани: Роберт Шуман, Конрад Аденауер,Алсид де Гаспери и Жан Моне, татковците на нашата модерна Европа, оти заедно сме посилни! Слава на сите паднати антифашисти и борци за слобода! Нека нивната жртва никогаш не биде заборавена“, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ако нарачате капучино во Италија во ова време, сите ќе ве гледаат чудно: причината лежи во непишано правило

    НБА ѕвезда удри жестоко по судија: Добив техничка бидејќи од бел судија побарав почит

    (Фото) Погледнете внимателно, таа има 50 години: „Господе, дај ми лек за да остарам како оваа жена“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.