Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    06/10/2026

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Прв критериум на Законот за правична застапеност – стручноста и компетентноста, наскоро во Собрание
    Македонија

    Прв критериум на Законот за правична застапеност – стручноста и компетентноста, наскоро во Собрание

    04/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на Владата пред пратениците во македонското Собрание потврди дека законот за правична застапеност ги минал филтрите на Венециската комисија и очекува набргу да се најде на пленарна седница и да се донесе.

    „Законот ги мина филтрите на Венециската комисија и забелешките се вклучени во рамките на законот. Се надевам и очекувам пратениците да дадат поддршка за овој закон, кој, според наше длабоко убедување, е во согласност со сите меѓународни стандарди и очекуваме да нема проблеми со уставноста, како што тоа се случуваше со некои минати законски решенија. Со овој закон, прв критериум ќе бидат стручноста и компетентноста. Ги охрабрувам граѓаните кои се дел од турската заедница во нашата земја да аплицираат во рамките на јавната администрација. Ние како Влада сме покажале дека немаме никаков проблем, напротив, образованието на мајчин турски јазик го поттикнуваме и поддржуваме, турската заедница во Македонија е дел од идентитетот на нашата заедничка македонска нација, турската заедница во Македонија е ценета заедница со чесни граѓани, кои ја почитуваат својата татковина Македонија, но исто така имаат нераскинливи врски со Турција, и јас немам никаква дилема. Напротив, ја имаат мојата поддршка и ќе бидат дел од моите приоритети и мојата оптика“, нагласи Мицскоски и додаде дека како претседател на Владата пледира да биде претседател на сите граѓани, вклучително и на турската заедница, односно на дел од турскиот народ.

    Во своето обраќање пред пратениците во македонското Собрание, премиерот Мицкоски посочи дека со новото законско решение ќе се избегнат проблемите и девијантното однесување, што се случувало во јавната администрација во минатото.

    „За мене претставува предизвик што повеќе луѓе да аплицираат на јавните повици, но сè помалку имаме мотивирани луѓе кои би се пријавиле на овие конкурси. Во минатото сме биле сведоци на девијантно однесување, луѓе што фигурирале на платни списоци, а не оделе на работа, луѓе што фигурирале на платни списоци, а долго време биле отселени од државата, или пак, имало и такви случаи на луѓе што, за жал, биле починати, а сепак добивале плата од државата. Сигурен сум дека тоа е минато време и дека сите заедно ќе работиме за интересот на нашата заедничка татковина Македонија“, истакна Мицкоски.

     

    Поврзани вести

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026
    АКТУЕЛНО

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    06/10/2026

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    МВР во јули одзело 332 возила или во просек, по 11 возила секој ден

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    Илјадници граѓани протестираа за повисоки плати и достоинствена живеачка

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.