Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Граѓански организации предупредуваат: Политички изјави го доведуваат во ризик изборот на државен обвинител
    Политика

    Граѓански организации предупредуваат: Политички изјави го доведуваат во ризик изборот на државен обвинител

    20/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во својата реакција, Платформата наведува дека внимателно го следи процесот, особено по информацијата дека Совет на јавни обвинители веќе дал позитивно мислење за четворица кандидати кои ги исполнуваат законските услови, по што предметот е доставен во понатамошна постапка до Владата.

    Според граѓанските организации, од моментот кога предметот е предаден на Владата, токму извршната власт ја носи одговорноста за зачувување на кредибилитетот на постапката.

    „Јвни изјави со кои однапред се исклучуваат одредени кандидати, во фаза кога сè уште нема формална одлука, создаваат ризик од политизација на изборот. Особено проблематично, како што се наведува, е тоа што станува збор за кандидати за кои веќе е утврдено дека ги исполнуваат законските критериуми. Ваквите изјави можат да ја нарушат довербата во еднаквиот третман и интегритетот на постапката“, се вели во реакцијата на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

    Од Платформата потенцираат дека изборот на државен јавен обвинител претставува институционална одлука со директно влијание врз владеењето на правото и функционирањето на системот на кривична правда, а не политичко прашање.

    Оттаму очекуваат Владата да постапува исклучиво врз основа на законските критериуми и стручните оценки, како и да обезбеди целосна транспарентност при донесувањето на конечната одлука.

    „Изборот на државен јавен обвинител не е политичка, туку институционална одлука со значајни последици врз владеењето на правото и системот на кривична правда. Оттука, очекуваме Владата да постапува одговорно, да се раководи исклучиво од законските критериуми и стручните оценки, и да обезбеди транспарентност во носењето на конечната одлука. Во контекст на тековните предизвици поврзани со борбата против корупцијата и организираниот криминал, изборот на државен јавен обвинител има суштинско значење за обезбедување професионалност, суштинска амбиција за реформи и подобрување, и институционална независност во работењето на обвинителството. Затоа, секоја јавна комуникација поврзана со оваа постапка треба да придонесува кон зајакнување, а не кон релативизирање на довербата во процесот кој е утврден со закон“, се вели во реакцијата на Платформата .

    Во реакцијата се потсетува и на забелешките содржани во извештаите на Европска комисија за напредокот на Северна Македонија, каде се нагласува потребата од зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство, како и доследно почитување на процедурите при клучните именувања.

    Според граѓанските организации, токму овој избор треба да покаже институционална зрелост и јасна дистанца од какви било политички влијанија, во согласност со европските стандарди и преземените обврски на државата.

    Платформата нагласува дека нема да оценува поединечни кандидати, но укажува дека одговорноста за интегритетот на процесот е директно кај Владата. Од таму очекуваат конечната одлука да биде јавно, детално и аргументирано образложена врз основа на однапред утврдени и мерливи критериуми.

    Според нив, секое отстапување од принципите на професионалност, еднаков третман и транспарентност би значело сериозно нарушување на довербата во постапката и дополнително поткопување на независноста на обвинителството.

    Членки на Платформата се Институт за демократија Социетас Цивилис Скопје, Институт за човекови права, Коалиција сите за правично судење, Здружение КОНЕКТ – Скопје, Македонски центар за меѓународна соработка, Мост, Метаморфозис, Охрид Институт, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Транспарентност Македонија, Фондација отворено општество Македонија, Форум ЦСИД, Центар за граѓански комуникации, Центар за истражување и креирање политики, Евротинк –, Центар за европски стратегии, Хелсиншки комитет за човекови права и СКУП – Центар за истражувачко новинарство

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    По Гевгелија, Македонска филхармонија ќе гостува во Битола

    Светот го слави враќањето на Нејмар на Светското првенство

    Николоски: Презедовме мерки, од вторник можни се и нови по кризата на Блискиот Исток

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.