Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк
    Македонија

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.

    Со по 21 човек, колку што налага Законот за јавни собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата која денеска треба да одржи редовна седница.

    Од ССМ очекуваат дека ќе наидат на разбирање и посочуваат дека Владата има можност на седницата да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.

    „Последната блокада пред Владата е токму поради тоа што ги блокира работничките плати долг временски период за кој вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250 денари. Падна и последниот аргумент на владините претставници кои заедно со газдите го зборуваат континуирано овој период, а тоа е дека македонските работници не биле продуктивни. Македонските работници се премногу продуктивни за платите кои ги примаат или само 17 проценти од она што го создаваат како капитал на работодавачите се слева во платите на работниците или како пример 24.379 денари изнесува минималната плата месечно за еден работник, а 290.000 денари е продуктивноста која ја создава работникот за работодавачот“, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

    Со ова, ССМ по протестот одржан на 28 јануари, ги реализира најавените блокади на институциите. Доколку не наидат на разбирање, најавуваат организирање на уште еден протест и генерален штрајк, кој според информациите, ќе биде 24-часовен.

    Барањето за зголемување на платите, ССМ го темели на порастот на животните трошоци и порастот на вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка. Ако синдикатот не успее во барањата за зголемување на платите, работниците кои земаат минимална плата во април, според пресметките, ќе добијат зголемување од 1.500 до 1.700 денари.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Изложба „Аја Софија (Истанбул) Светлината на тишината“ на Скопско лето

    Нереална сцена: Флик речиси во солзи, Рафиња го теши (ВИДЕО)

    Градоначалникот на Лерин забранува да се пеат песни на македонски јазик

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.