Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    „Не носете вакви штипки за коса додека возите“ – лекар ги предупредува жените

    23/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал дека светот веќе не функционира по старите правила
    Македонија

    Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал дека светот веќе не функционира по старите правила

    14/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција. За Мицкоски пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, дека светот веќе не функционира по старите правила.
    „САД и Европа остануваат нераскинливо поврзани, но иднината ќе ја градиме преку сериозност и взаемно почитување. ​Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани,“ напиша Мицкоски.
    Според него обраќањето на американскиот државен секретар било инспиративно, во кое тој ги потенцирал глобалните светски предизвици, но и нераскинливата врска помеѓу Европа и Америка.
    „Главната порака е дека како партнери и како пријатели треба да продолжиме да соработуваме во светот и не само во рамките на НАТО Алијансата туку и заедно да ги решаваме сите оние безбедносни предизвици, но и економските предизвици кои се исправени пред нас како два различни континенти, Европа и Америка“, вели Мицкоски.

    Тој, на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција се сретнал со Тед Дојч, претседател на американско-еврејскиот комитет, со кој разговарале за глобалните безбедносни предизвици и мирот кон кој политичарите треба да се стремат, како и со холандскиот премиер, Дик Схоф, земја за која Мицкоски потенцира дека е искрен пријател и еден од најзначајните економски партнери. Премиерот најави и други средби во рамките на Минхенската безбедносна конференција, меѓу кои и со претседателот на Украина, Зеленски.

    Поврзани вести

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026

    ОЈО: Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини”

    23/10/2026

    „Не носете вакви штипки за коса додека возите“ – лекар ги предупредува жените

    23/10/2026

    Принцот Вилијам испиша историја со гостување во популарна британска емисија

    23/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Кос: Потребен е политички консензус за Изборниот законик за Македонија да добие 4 милиони евра

    Сиљановска Давкова: Барањата за промена на Уставот надвор од европскиот правен систем се несоодветни

    Независниот кандидат за градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, се повлече од трката

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.