Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»МЗД: Рокот за распишување на оглас за нов член на КСЗД истече
    Македонија

    МЗД: Рокот за распишување на оглас за нов член на КСЗД истече

    10/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Собранието сè уште нема објавено нов јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, иако законскиот рок за тоа е истечен, реагира Мрежата за заштита од дискриминација.

    Во реакцијата се наведува дека е неопходно да се распише нов оглас за пополнување на испразнетото место.

    „Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација,  доколку Собранието не избере членови на Комисијата, постапката за избор се повторува во целост со објавување јавен оглас веднаш, а не подоцна од рок од десет дена. Имајќи предвид дека Собранието избра два члена на 29.01.2026 година, рокот за распишување на нов оглас истече на 08.02.2026 година. До денес, таков оглас не е објавен,“ велат од Мрежата.

    Оттаму апелираат Собранието сериозно да го сфати значењето на Комисијата како институција што го штити достоинството на граѓаните и претставува основа за развој на демократско општество. Воедно ги потсетуваат пратениците на нивните законски обврски, кои вклучуваат утврдување листа на кандидати што ги исполнуваат условите, активно учество на седницата за нивно претставување, навремено информирање на граѓанските организации и обезбедување транспарентен процес при одлучувањето.

    Од Мрежата посочуваат дека Законот предвидува јасни критериуми за избор на член на Комисијата, меѓу кои кандидатот да биде државјанин на Северна Македонија, да има најмалку 240 ЕКТС кредити и седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет во еднаквост и недискриминација, да нема изречена затворска казна подолга од шест месеци или забрана за вршење дејност, како и да не извршува функција во политичка партија.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мисајловски за Денот на Армијата: Заедничка цел – Македонија да продолжи да се развива и да изградиме подобра држава за следните поколенија

    Посна „песок“ торта готова за помалку од 30 минути: Ќе бидете воодушевени

    Митинзи во Кратово, Ресен, Битола… последни четири дена од кампањата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.