Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Гаши: Блокадата на ССМ на Собранието нема да ја попречи работата
    Македонија

    Гаши: Блокадата на ССМ на Собранието нема да ја попречи работата

    09/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Тој додаде дека очекува протестот да помине мирно, и оти нема да има дополнително обезбедување на објектот.

    „На денешната координација со пратеничктие групи зборуваме дека ќе има протест. Се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин да дојдат на седницата, без да го попречиме правото на протест на граѓаните. Не верувам дека некој би дошол со автомобил. Дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде. Но, се договориме дека ние треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест на граѓаните. Нема да има специјално обезбедување на Собранието. Шефот на мојот кабинет се сретна со началниците во МВР, тие си имаат редовни безбедносни протоколи. МВР ги презема сите свои мерки. Се надевам дека сè ќе биде мирно и сè ќе тече како што треба. Тие ќе си протестираат, ние ќе си работиме“,  вели Гаши.

    Тој очекува дека само влезовите за возилата во Собранието ќе бидат блокирани, како што најавија од Синдикатот. Не верувам дека некој пратеник нема да дојде пеш, рече тој.

    Во врска со на прашањето за коментар за синдикалните барања за платите, Гаши смета дека проблемот не може да се реши само со зголемување на платите.

    „Начелно, сите се бориме за благосостојба на граѓаните. Тоа е прв наш приоритет, но не може да се реши само со зголемувањето на платите. Тоа да зависеше од мене, веднаш би ги покачил сите плати. Треба да се земе предвид целата економска слика. Мислам дека треба да се направи нивелирање на платите по приоритет, да определиме кои функции се најбитни во државата. Од таму да одиме – претседател на државата, на Собрание, премиер, пратеник, директор, наставници, доктори… и да имаме поправедно нивелирање на платите. Мислам дека на таков начин најправедно би било да се реши тој проблем“, рече Гаши.

    На прашање дали пратениците се расположени за удоволување на барањата на работниците за 600 евра минимална плата и за линеарно зголемување за 6.000 денари на сите останати плати, Гаши рече дека секоја партија ќе си заземе свој став во врска со ова.

    Тој соопшти дека досега до Собранието нема пристигнато иницијатива од пратеничките групи за интерпелација на министерот за правда Игор Филков поради неговите изјави дека правосудниот испит не треба да се полага на албански јазик.

    Во врска со одземање на имунитетот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев поради сообраќајната несреќа, Гаши соопшти дека досега до Собранието нема пристигнато такво конкретно барање. Потенцира дека за одземање на пратенички имунитет треба да пристигне барање од институција – обвинителство, суд и за тоа треба да расправа Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

    Околу процедурата за работната група за Изборниот законик, Гаши нагласи дека сите предлози се доставени во Министерството за правда и тоа треба да свика конституивна седница на работната група и да почне со работа.

    Во однос на измените на Законот за Влада, односно укинувањето на техничката влада, Гаши информираше дека досега до нив не е пристигнато ништо. Тој најави дека на пленарната седница закажана за 18 февруари ќе бидат пратеничките прашања од опозициските пратеници.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Од јануари до јули годинава Македонија ја посетиле 730.793 туристи

    Македонија идната година ќе учествува на Евровизија

    The Make-up Conference in New York this Winter Unveils Hot Innovations

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.