Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Драган Ковачки е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата го избра и новиот Извршен комитет
    Македонија

    Драган Ковачки е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата го избра и новиот Извршен комитет

    06/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Мицкоски во изјава за медиуми истакна дека Централниот комитет (ЦК) донел одлука за избор на нов Извршен комитет (ЦК) којшто, како што кажа, „претставува спој меѓу искуството и дел од луѓето кои се веќе дел од претходните состави на ИК и нови членов кои заедно со оние кои во минатото беа дел од ИК ќе го формираат новиот Извршен комитет“.

    „Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува, и се прилагодува на новите предизвици, нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните“, нагласи Мицкоски, по што го соопшти новиот состав на ИК.

    Новиот Извршнен комитет на ВМРО-ДПМНЕ го сочинуваат, новиот генерален секретар, пратеникот Драган Ковачки, Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизхархи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша  Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.

    Мицкоски додаде дека на овие членови, според статутот, ќе им се приклучат новите претседатели на Унијата на млади сили (УМС), Унијата на жени и Унијата на ветерани.

    Мицкоски исто така информира дека за организационен секретар е избран Ивица Томовски, досегашен и иден директор на Централниот штаб, а за шеф на неговиот кабинет Владимир Нелоски.

    Додаде дека ќе продолжат да работат на зајакнување на внатрешната организација, транспаретноста и инклузивниот процес на членството. Најави дека во претстојниот период ќе има избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, УМС и Унијата на ветерани. 

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Зорица Митровиќ и Петре Димовски добитници на наградата „Гоцева мисла“ за 2026 година

    Македонија го одбележува 11 Октомври, денот на народното востание против фашизмот

    Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.