Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Илјадници граѓани протестираа за повисоки плати и достоинствена живеачка
    Македонија

    Илјадници граѓани протестираа за повисоки плати и достоинствена живеачка

    28/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Протестираме за плата“, со ваков голем транспарент, со знамиња и стихови од песната „Буџав лебац“, како и со скандирање „Уа, лопови!“, илјадници граѓани денеска протестираа низ скопските улици. Протестот започна пред  зградата на Сојузот на синдикати, по што илјадниците работници од сите градови на Македонија се упатија кон Собранието и Владата. Ниските температури не ги спречија граѓаните да излезат и да го искажат својот револт поради ниските плати.

    Претседателот на Сојузот, Слободан Трендафилов кажа дека барањата за покачување на платата мора да бидат исполнети и дека ако Владата не ги исполни, тие ќе соберат 10.000 потписи и ќе станат овластени предлагачи на законите, со што каде ќе бараат 80 отсто намалување на функционерските плати, а минималната плата да се зголеми на 600 евра.

    „Нема да дозволиме да си играте со работничката мака и пот, од чии даноци земате плата. Ако не ги зголемите работничките плати, ако не ја зголемите минималната плата доаѓаме по вашите плати. Од даноците на работонците вие си го имате обезбедено вашиот луксус. Не го заслужувате луксузот кој ви даден од работниците. Нема да ве молиме, ќе се бориме“, изјави Трендафилов.

    Ако барањата на работниците не се исполнат, преседателот најави таргетирани блокади на одредени институции, а понатаму и можен генерален штрајк.

    „И да ги обехрабрам властите, без разлика на нивните притисоци, за блокади, се потребни само 21 човек, а за две локации – 42, додека ние овде сме далеку побројни. Ќе ве блокираме, како што не блокирате вие, а ако и тоа не ве допре, ќе има генерален штрајк“, порача Трендафилов.

    Трендафилов потенцираше, дека Владата ризикува и дека може да се случи штрајк за прв пат и во јавниот и во приватниот сектор.

    Свој говор имаше и Иван Пешевски од синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање кој порача дека се спремни секој ден да протестираат, додека не се исполнат нивните барања за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на сите плати за 6.000 денари.

    „Велат, не сме биле продуктивни. А тие се многу продуктивни со „мерцедеси“, „поршиња“ и вили во Грција. Доста е, време е да се разбудиме“, порача Пешевски.

    Пред Владата, исто така се обрати и Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), кој рече дека на протестот не е организиран од политички цели туку, од маката на работниците.

    „Нас овде денес не нè собра политиката туку маката, неправдата, сиромаштијата, не собраа платите што не ни стасуваат до 10-ти во месецот, високите цени во маркетите, празните фрижидери. Не нè собра политиката, туку желбата да останеме во оваа државва. Дојдовме да ви кажеме дека тоа се наши пари“, рече Деаноски.

    На денешниот протест беше истакнато и дека Владата одбива две години да ги покачи платите, а за тоа време, сите работници во и онака најсиромашната држава во Европа се уште посиромашни за 9.000 денари.

    Синдикатите порачуваат дека сегашниот износ на минималната плата не ги покрива основните трошоци за живот и е далеку под вредноста на потрошувачката кошница, посочувајќи и на значителната разлика меѓу примањата на вработените и функционерите, која ја оценуваат како сериозен социјален дисбаланс.

    Од Владата велат дека усогласувањето на минималецот ќе следува во март, додека премиерот Христијан Мицкоски протестите ги поврза и со политички мотиви.

    Од ССМ, пак, најавуваат продолжување на притисокот доколку нема одговор на нивните барања, вклучително и преку граѓанска поддршка за законски измени.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Апстрахирање од статусот членство“ во ЕУ е цементирање на ЕУ интеграцијата на недефиниран рок

    Познати резултатите од изборите во Барса: Лапорта останува претседател на Каталонците!

    Сиљановска: Суверенитетот извира од граѓаните, а кај нас изгледа и од меѓународната заедница

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.