Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Синер со мака до 1/8 финалето на Австралија Опен

    24/01/2026

    Стармер го критикува Трамп за „ужасните“ забелешки за британските трупите на НАТО во Авганистан

    24/01/2026

    Ниту ветар ниту дожд не го спречува Вардар во Сиде (ФОТО + ВИДЕО)

    24/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»„Мадам Бовари“ предизвика драма во НОБ, обоистка го обвинува директорот за мобинг, тој негира
    Македонија

    „Мадам Бовари“ предизвика драма во НОБ, обоистка го обвинува директорот за мобинг, тој негира

    23/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Првата обоистка на оркестарот на Националната опера и балет, Татијана Петрушевска, на прес-конференција денес информираше за конфликт со диригентот Едуард Амбарцумјан за време на пробите на новото дело „Мадам Бовари“, по кој, како што тврди, била неоправдано суспендирана и дисциплински казнета со намалување на платата за 50 отсто во наредните шест месеци од страна на директорот на институцијата, Оливер Арсовски.

    „Речиси 30 години ја извршувам задачата како уметник, но во последната година, јас и моите колеги сме изложени на тортура, која кулминираше со забрана да влезам во НОБ, нешто за кое директорот нема ингeренции“, изјави Петрушевска.

    Како што вели Петрушевска, ситуацијата кулминирала на пробата на 16 јануари, каде диригентот-гостин ја навредил и избркал пред целиот оркестар, а веднаш потоа во истиот ден го добила решението за суспензија.

    „Јас сум водач на група во оркестарот, над мене се само концерт-мајсторите и ние меѓусебно мора да си ги кажуваме техничките работи, диригентот е задолжен за уметничкиот дел од програмата“, појасни Петрушевска.

    Таа напомена дека во ниту еден момент не била повикана на разговор со директорт, за кој како што наведува, се сомневала во неговите намери и дека извршил притисок врз дел од вработените кои ја дале поддршката за Петрушевска.

    „Барам Министерството за култура и министерот итно да преземат мерки и да ме заштитат мене и моите колеги кои се изложени на мобинг. Барам и премиерот на државата итно да ја истражи ситуацијата во НОБ, која уметнички и меѓучовечки е уништена“, нагласи Петрушевска.

    Синдикатот на култура на Република Македонија реагираше на, како што ја нарекоа, „незаконската одлука“ на директорот и ѝ даде целосна поддршка на Петрушевска. Од синдикатот наведоа дека во случајот биле повредени работничките права и побараа министерот за култура Зоран Љутков итно да отвори постапка и да ја испита ситуацијата.

    Фото: Директорот на МОБ, Оливер Арсовски

    Директорот на МОБ, Оливер Арсовски, исто така се огласи во однос на ситуацијата, за која што, како што тврди тој наводите изнесени од вработената Татијана Петрушевска, во врска со дисциплинската постапка поведена против неа, се невистинити и паушални и со нив се нанесува штета на угледот на установата, создавајќи искривена слика во јавноста. Тој апелира Синдикатот на културата да не подлегнувал на влијанија од поединци, туку да се залагал за правата на колективот и достоинството на институциите.

    „Во оваа изјава нема да изнесувам факти, имајќи предвид дека е во тек дисциплинска постапка за дисциплински престап. Сепак, важно е да се нагласи дека постојат изјави од вработени, како и изјава од диригентот на претставата, врз основа на кои е донесен предлог за покренување дисциплинска постапка и решение за суспензија, согласно одредбите од Законот за култура. Во однос на тврдењата дека против неа не биле водени постапки, истакнувам дека тоа не е точно, бидејќи во повеќе наврати вработени од оркестарот побарале заштита од нејзиното однесување“, вели Арсовски во соопштението.

    Поврзани вести

    Бројот на заболени од рак на грлото на матката расте, ХПВ вакцина и скрининг се клучни за превенција

    23/01/2026

    Агелер до македонските граѓани: Соединетите Американски Држави секогаш ќе бидат покрај вас

    22/01/2026

    Тешко повредена 19-годишна девојка во сообраќајка на булеварот „Крсте Мисирков“

    22/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.