Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Челзи подготвува вртоглава понуда за Винисиус

    06/01/2026

    (Фото) Џесика Алба не може да ги тргне рацете од своето момче кое е 11 години помладо од неа

    06/01/2026

    Откриена е огромната сума што Јунајтед ја плати за да го доведе и отпушти Аморим

    06/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Јaвното здравство во 2025: Стари дијагнози со повисоки цени
    Македонија

    Јaвното здравство во 2025: Стари дијагнози со повисоки цени

    05/01/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Еден од најважните ресори во општеството, јавното здравство, и 2025 година ја преброди со истите стари дијагнози. Хроничните слабости што со години го разјадуваат системот беа присутни и изминатата година: одлив на медицински кадар, нееднаков пристап до услуги, нефункционална дигитализација. Здравствениот систем продолжи да функционира едвај, а за маките, лекот сè уште се бара.

    Недостигот од медицински кадар остана еден од најгорливите проблеми и во 2025 година. Како продолжение на состојбата од претходните години, јавното здравство се соочува со недоволен број специјалисти, а младите лекари и специјализанти, по завршувањето на образованието, сè почесто се одлучуваат за работа во приватните клиники или заминуваат во странство.

    Овој тренд е особено изразен во помалите градови и руралните средини, каде што болниците и здравствените домови тешко обезбедуваат соодветен кадар. Проблемот е нотиран и во последниот извештај на Европската комисија, во кој се посочува дека соодносот на медицински сестри на 100.000 жители е под просекот на Европската унија, а одливот од јавниот кон приватниот сектор продолжува.

    Скапо здравство и нееднаков пристап до услуги 

    Иако финансирањето на јавното здравство е зголемено, системот и понатаму се соочува со сериозни слабости. Граѓаните плаќаат високи директни трошоци за здравствена заштита, што претставува значајна пречка за еднаков пристап до услуги, покажа годинашниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија. Според податоците од Европската комисија, повеќе од 40 проценти од вкупните здравствени трошоци паѓаат директно на товар на пациентите. Тоа ги тера граѓаните, поради долгите листи на чекање и недостигот од специјалисти, да бараат услуги во приватниот сектор, дополнително оптоварувајќи ги семејните буџети.

    „Граѓаните и натаму плаќаат висока цена за здравствената услуга, односно, 41,7 проценти од вкупните трошоци паѓаат директно на товар на пациентите, што претставува сериозна пречка за еднаков пристап до здравствена заштита. Иако системот за е-здравство и мобилната апликација се унапредени, системот за закажување термини не функционира соодветно и не е поврзан со базата на податоци на Фондот за здравствено осигурување“, наведено е во извештајот на ЕК за напредокот на земјава кон ЕУ.

    И покрај тоа, кон крајот на годината Фондот за здравство ги зголеми цените на здравствените услуги во јавните здравствени установи за 50 отсто.

    Iзминатата година проблем беше и менталното здравје на младите, каде што недостигаат и кадар и буџет.

    „Кампањите за рано откривање на рак продолжуваат, но опфатот останува ограничен, а Регистарот за рак бележи пораст на заболени и смртни случаи. Иако се планирани повеќе пари и нови лекови за ретки болести, тие опфаќаат само околу една третина од пациентите. Вакцинацијата е благо зголемена, а трансплантациите на крв, ткива и органи растат, но сепак, законската рамка сè уште не е целосно усогласена со европските стандарди“, утврди ЕК.

    Во извештајот на ЕК пишуваше и дека „иако системот за е-здравство и мобилната апликација се унапредени, системот за закажување термини не функционира соодветно и не е поврзан со базата на податоци на Фондот за здравствено осигурување“.

    На 15 јуни, непосредно по седнувањето во министерската фотелја, Азир Алиу, зборуваше за идејата за изградба на нов Клинички центар. Алиу кажа дека за него постои можност да биде финансиран со парите за проектно финансирање кои на Македонија ѝ се ставени на располагање преку договорот со Обединетото Кралство тежок шест милијарди евра, од кои на здравствениот сектор, тој кажа дека ќе му припадне една милијарда евра. Ваков центар, иако многупати досега споемнуван и ветуван на неколку поранешни министри, до денеска не само што не е изграден, туку и не е започната никаква процедура за негова изградба.

    И во 2025 ресорот здравство остана меѓу секторите најподложни на корупција. И покрај воведените критериуми за цени на услуги и лекови и подобрените процедури за лекување во странство, истрагите за злоупотреби продолжуваат. Европската комисија препорачува засилена дигитализација, поголема транспарентност и јакнење на интегритетот во здравствениот систем, како предуслови за поефикасна и пофер здравствена заштита.

    Институтот за јавно здравство нè учеше како да се одбраниме од ѓубрето

    По неколкунеделната состојба со преполни контејнери, расфрлан отпад и појава на глодари на улиците, Скопје изминатата година воочи локалните избори се соочи со сериозен јавно-здравствен ризик. Наместо градска хигиена што функционира, добивме упатства како да се заштитиме од ѓубрето кое беше насекаде околу нас. ИЈЗ излезе со препораки и апелираше до населението на зголемена лична хигиена, внимателно ракување и совесно одлагање на отпадот, како и избегнување контакт со исцедоци, стагнирана вода и расфрлано ѓубре.

    Експертите предупредуваа дека Скопјани се под закана од дизентерија, листериоза и други болести, кои глодарите и инсектите може да ги прошират, па проблемот со сметот да стане сериозен здравствен проблем.

    Изминатата година, на листата проблеми се најдоа и слабата контрола на тутунот, високата употреба на антибиотици, недоволната подготвеност за прекугранични здравствени закани, како и хроничниот проблем со паркингот во Клиничкиот центар, кој продолжува да ги мачи пациентите и во 2026 година.

    Дополнително, иако беше најавено дека онколошките пациенти нема да остануваат без терапија, сепак, поради проблеми со дистрибуцијата на лекови, дел од нив беа приморани одреден период да користат заменска терапија.

    Поврзани вести

    ССНМ: Дигиталниот напад врз Слободен печат е напад врз слободата на медиумите

    05/01/2026

    УЈП: Нема двојно оданочување, доказите за платен данок во странство и натаму ќе се прифаќаат

    05/01/2026

    „Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина

    04/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.