Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Филипче и Шилегов со меѓусебни обвинувања дека работат во интерес на ВМРО ДПМНЕ
    Македонија

    Филипче и Шилегов со меѓусебни обвинувања дека работат во интерес на ВМРО ДПМНЕ

    17/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Се бориме за опстанокот и за европската иднина на државата и нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја ситни и да ја дели оваа партија“, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако вчера партијата соопшти дека покренува постапка за исклучување на поранешниот пратеник и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

    Филипче на прес-конференција коментираше дека целта на владеачката партија е да ги скрие своите слабости и падот на рејтингот, нотиран во анкетите.

    „Имаме работа со криминална и корумпирана власт која ништо не може да направи да го спречи падот на анкетите што е евидентен. Единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата и така да владеат. Ние тоа нема да го дозволиме“, рече Филипче.

    Тој додаде дека слични обиди за слабеење на партијата се забележани и порано, во 2021 година, потоа во 2024 година се случи силна националистичка и лажна кампања, а во 2025 година посочи дека самиот Шилегов и други сопартијци кои изјавиле дека за изборите не работеле за СДСМ.

    И Шилегов, од своја страна, денеска го обвини раководството на СДСМ дека одработува во договор со ВМРО–ДПМНЕ за интересите на владејачката партија, а не за СДСМ и за нејзиното членство.

    „Во интерес на ВМРО ДПМНЕ е СДСМ да биде во ваква состојба во каква што е, за да можат да добијат два мандати, а за сметка на тоа да не бидат предмет на можни кривични истраги. Се докажува и дека партијата е целосно кадровски исцрпена и дека луѓето на кои им значи СДСМ, а се сериозен фактор во нашата држава, веќе не се таму, рече Шилегов.

    Тој го повика лидерот Филипче на средба во општинската организација на СДСМ во Карпош, за да разговараат заедно со членството за иницијативата за негово исклучување, но и за иницијативата за смена на Филипче. Шилегов посочи дека, според Статутот на партијата, општинската организација е таа која треба да одлучи дали тој ќе биде исклучен од партијата.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Скандал на изборот за Мис Универзум – директор јавно ја понижи Мис Мексико

    Израел со нови напади врз Техеран и Бејрут, откако американската амбасада во Ријад беше погодена дронови

    Американскиот Сенат гласаше за отфрлање на царините на Трамп за повеќе од 100 земји

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.