Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»За еден месец, за 30 отсто пораснал бројот на заболени од акутни заразни болести
    Македонија

    За еден месец, за 30 отсто пораснал бројот на заболени од акутни заразни болести

    28/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во ноември, бројот на пријавени случаи на акутни заразни заболувања изнесува 1.242 случаи, што е за 29,2 отсто повеќе отколку во октомври, наведено е во билтенот на акутни заразни болести што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Како што се наведува, повеќе од половина од случаите, 808 случаи биле овчи сипаници, што ја прави оваа болест најраспространета во ноември. Следни се ентероколитисите со 257 случаи.

    Регистрирани се и помали групи на заболени од други акутни инфекции како бактериски алиментарни инфекции, салмонелози, инфективна мононуклеоза, легионерска болест, скарлатина и други.

    Во однос на ХИВ/СИДА и вакцино-превентабилните заболувања, во ноември пристигнале две нови пријави за ХИВ/СИДА, а бил регистриран и еден смртен случај поврзан со СИДА. Во делот на вакцино-превентните болести се регистрирани неколку случаи на вирусен хепатит Б, заушки и голема кашлица.

    Пријавени се и 12 ковид случаи, а во октомври оваа бројка била 70. Забележано е и циркулирање на респираторни вируси, вклучително и грип, со значителна појава на случаи слични на грип.

    Во ноември пријавени 284 случаи на антибиотска резистенција 

    Минатиот месец во ИЈЗ се пристигнале 829 пријави за изолиран-докажан причинител на заразна болест и резистенција на антибиотици. Пријави се добиени од микробиолошките лаборатории од териториите на сите десет центри за јавно здравје. Најчесто пријавувани причинители во месец ноември се: МРСА (33,5%), ХПВ (20,1%) и рота вирус (4,5%).

    Резистенција кон антибиотици е регистрирана кај вкупно 284 докажани микроорганизми и тоа: Acinetobacter spp., E.coli, E.coli ESBL, Klebsiella spp., Klebsiella pneumoniaе, Salmonella spp., Staphylococcus aureus –meticilin rezistenten (MRSA). Најчесто изолирани причинители во лабораториите биле MRSA (метицилин-резистентен Staphylococcus aureus), HPV (хуман-папилома вирус), како и ротавирус. Пријавена е и резистентност на различни бактерии на антибиотска терапија.

    Две масовни труења со храна

    На 11 ноември, ЦЈЗ Скопје пријавил епидемија на Toxoinfectio alimentaris со 6 заболени лица, поврзана со фамилијарен собир. Не биле регистрирани хоспитализации.

    „Беа дадени препораки за строго придржување кон санитарно-хигиенските мерки при подготовка и манипулација со храна, со цел спречување на контаминација и појава на труење со храна, како и избегнување консумирање храна од нерегистрирани и неконтролирани производители. Епидемијата е одјавена на 14 ноември““, наведено е во билтенот на ИЈЗ.

    На 27 ноември Центарот за јавно здравје Скопје пријави епидемија на алиментарна интоксикација/гастроентероколитис кај ученици во основно училиште во Скопје. Во рамки на епидемијата беа регистрирани 34 заболени лица, од кои 9 лица беа хоспитализирани.

    Поврзани вести

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Безбеден град се проширува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    25/09/2026

    Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица, утврди стручната комисија

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Индексот е посилен од пендрекот“: Студентите денеска на протест пред Владата на Србија

    (Фото/Видео) Сидни Свини продолжува да објавува жешки фотографии – и нема намера да престане

    Истовремено се градат повеќе објекти од пречистителната станица на Скопје, институциите оптимисти дека ќе биде готова идната година

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.